Ранец Кожен Belford – Кафен
12,690 ден
10,787 ден
Belford е модерен кожен ранец со уникатен дизајн кој е направен од нашата најпопуларна кожа – Wax Pull Up. Овој ранец со својот уникатен изглед дефинитивно ќе додаде шмек во секој ваш аутфит.
Заради своите пространи прегради, голема практичност и внатрешни организери тој е погоден како за секојдневието како на пример редовен ден на работа, така и за патувања или пак за вашата фитнес опрема – изборот е на вас! Едноставно совршен придружник за секоја активност.
Belford го карактеризираат две главни прегради. Едната е голема пространа преграда која има капацитет од дури 16 литри, што значи дека тука можете да ги сместите сите покрупни работи, опрема или документи кои ви се потребни во текот на денот. Внатре во неа ќе најдете и помали џебови и организери за вашите поситни работи. Другата главна преграда е специјално обложена за безбедно чување на вашиот лаптоп со големина до 14 инчи.
На предната страна ќе најдете и дополнителна преграда со патент за работите кои секогаш сакате да ви се на брз дофат на рака.
Удобноста кај овој ранец исто така не е заборавена. Задниот дел на ранецот како и рачките за носење на грб се обложени со мек материјал за поголем комфор при носењето, а кога ќе одите на пат лентата за закачување на куфер дефинитивно ќе ви го олесни патувањето и ќе во помогне да не морате да ја носите целата тежина на вашиот грб.
Распродадено
Веруваме во квалитетот на нашите производи и со гордост ви даваме 1-годишна гаранција за производите.
Ги користиме исклучиво најдобрите материјали за да создадеме висококвалитетни кожни производи кои траат цел живот. Ние веруваме во квалитетот на нашите производи и со гордост ви даваме 1-годишна гаранција за производите. Ова ви овозможува да купувате без грижи. Одржливоста е важна за нас и ви гарантираме дека секој производ е одговорно произведен.
14 дена враќање или замена на производите без никакви прашања и можност за плаќање при прием на производот
Уживајте во политиката за враќање или замена без прашање до 14 дена. Со ова сакаме да се осигураме дека сте целосно задоволни од производот. Сакаме нашите клиенти да се чувствуваат самоуверено и горди со нашите производи и затоа доколку производот кој сте го нарачале не е она што сте го очекувале, можете лесно да го вратите во рок од 14 дена од приемот. Само контактирајте не на нашиот телефон или меил адреса, а ние со задоволство ќе ви излеземе во пресрет .
Дополнителни Информации:
| Должина |
26cm |
|---|---|
| Ширина |
16cm |
| Висина |
40cm |
| Боја |
Кафена |
| Пол |
Унисекс |
| Тип на кожа |
Wax Pull Up Leather Висококвалитетна кожа од говедо. Се одликува со мазна текстура и длабока богата боја. Ова е најчестиот тип на кожа кој го користиме. |
Овој кожен ранец е направен од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
Сите ваши нарачки се испраќаат преку курирска служба т.е. брза пошта. На денот на испораката курирот ќе ве контактира дали сте на локацијата која сте ја навеле за испорака, а доколку не сте таму можете да одложите и за друг ден. Нарачките се испорачуваат помеѓу 8:00 и 17:00 часот и најдобро е да наведете локација на која се наоѓате најчесто во тој период од денот, било тоа да е на работа, дома или на некое друго место.
Време на испорака
- Нарачките пристигнуваат за 1-4 работни дена (најчесто два дена) од вашата нарачка.
Сакате експресна испорака?
- Доколку сакате приоритетна испорака во полето за нарачка можете да го наведете тоа и нарачката ќе ја добиете за:
Скопје – 1 до 3 часа (300 ден)
Надвор од Скопје – истиот ден доколку е нарачано до 9:00 часот наутро или наредниот ден доколку е после 9:00 часот (420 ден)
Не ви се чека испорака од брза пошта?
- Посетете не на нашата локација на ул. Јуриј Гагарин бр 55, 1000 Скопје каде можете да ги подигнете производите на лице место.
НАПОМЕНА – можат да се подигнат само производите кои се веќе нарачани и платени со платежна картичка преку веб страната www.thechesterfieldstore.mk . Оние потрошувачи кои имаат избрано опција плаќање на курир во готово при прием, ќе мораат да ја сочекаат испораката од брзата пошта.
The Chesterfield Brand производите се направени за да го поттикнат вашиот успех. Изгледајте добро, чувствувајте се добро и почитувајте го сопствениот успех. Chesterfield ќе ве следи во чекор.
Имате некакви прашања поврзани со некој наш производ?
ИСПРАТЕТЕ НИ ПОРАКА
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
ул. Јуриј Гагарин бр.55, Скопје
СЛЕДЕТЕ НЕ
Може да Ве интересира и:
ИСПРАТЕТЕ НИ ПОРАКА
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
ул. Јуриј Гагарин бр.55, Скопје

Критики
Сеуште нема мислења.