Торба За Лаптоп Кожна Manhattan – Коњак
11,990 ден
Елегантен минималистички дизајн суптилни детали и голема практичнист. Запознајте ја кожната латоп бизнис торба Manhattan. Неговата компактна големина и функционалност го прават идеален за секојдневна употреба. Оваа кожна торба има една пространа главна преграда, со посебен засилен дел за лаптоп до 15,4 инчи и уште неколку дополнителни џебови и организери за вашите помали работи.
На предната и задната страна ќе најдете уште по еден џеб со патент како и ремен за прицврстување на торбата на вашиот куфер за пудобно и полесно патување.
Суптилната елегантност на Manhattan без напор ќе се вклопи во вашиот стил и ќе додаде шмек во вашиот бизнис идентитет што ќе ве издвои од сите останати.
Распродадено
Веруваме во квалитетот на нашите производи и со гордост ви даваме 1-годишна гаранција за производите.
Ги користиме исклучиво најдобрите материјали за да создадеме висококвалитетни кожни производи кои траат цел живот. Ние веруваме во квалитетот на нашите производи и со гордост ви даваме 1-годишна гаранција за производите. Ова ви овозможува да купувате без грижи. Одржливоста е важна за нас и ви гарантираме дека секој производ е одговорно произведен.
14 дена враќање или замена на производите без никакви прашања и можност за плаќање при прием на производот
Уживајте во политиката за враќање или замена без прашање до 14 дена. Со ова сакаме да се осигураме дека сте целосно задоволни од производот. Сакаме нашите клиенти да се чувствуваат самоуверено и горди со нашите производи и затоа доколку производот кој сте го нарачале не е она што сте го очекувале, можете лесно да го вратите во рок од 14 дена од приемот. Само контактирајте не на нашиот телефон или меил адреса, а ние со задоволство ќе ви излеземе во пресрет .
Дополнителни Информации:
| Должина |
40cm |
|---|---|
| Ширина |
10cm |
| Висина |
30cm |
| Боја |
Коњак |
| Пол |
Унисекс |
| Тип на кожа |
Cow Leather |
Оваа торба е направена од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Сите ваши нарачки се испраќаат преку курирска служба т.е. брза пошта. На денот на испораката курирот ќе ве контактира дали сте на локацијата која сте ја навеле за испорака, а доколку не сте таму можете да одложите и за друг ден. Нарачките се испорачуваат помеѓу 8:00 и 17:00 часот и најдобро е да наведете локација на која се наоѓате најчесто во тој период од денот, било тоа да е на работа, дома или на некое друго место.
Време на испорака
- Нарачките пристигнуваат за 1-4 работни дена (најчесто два дена) од вашата нарачка.
Сакате експресна испорака?
- Доколку сакате приоритетна испорака во полето за нарачка можете да го наведете тоа и нарачката ќе ја добиете за:
Скопје – 1 до 3 часа (300 ден)
Надвор од Скопје – истиот ден доколку е нарачано до 9:00 часот наутро или наредниот ден доколку е после 9:00 часот (420 ден)
Не ви се чека испорака од брза пошта?
- Посетете не на нашата локација на ул. Јуриј Гагарин бр 55, 1000 Скопје каде можете да ги подигнете производите на лице место.
НАПОМЕНА – можат да се подигнат само производите кои се веќе нарачани и платени со платежна картичка преку веб страната www.thechesterfieldstore.mk . Оние потрошувачи кои имаат избрано опција плаќање на курир во готово при прием, ќе мораат да ја сочекаат испораката од брзата пошта.
The Chesterfield Brand производите се направени за да го поттикнат вашиот успех. Изгледајте добро, чувствувајте се добро и почитувајте го сопствениот успех. Chesterfield ќе ве следи во чекор.
Имате некакви прашања поврзани со некој наш производ?
ИСПРАТЕТЕ НИ ПОРАКА
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
ул. Јуриј Гагарин бр.55, Скопје
СЛЕДЕТЕ НЕ
Може да Ве интересира и:
ИСПРАТЕТЕ НИ ПОРАКА
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
ул. Јуриј Гагарин бр.55, Скопје

Критики
Сеуште нема мислења.