Чанта Женска Кожна Lucy – Сина
8,590 ден
6,872 ден
Lucy е чантата која не смее да недостасува во вашиот гардеробер! Оваа модерна кожна чанта е многу компактна и практична и ќе ја засакате повеќе отколку што мислите. Во неа ќе ги собере сите ваши битни лични работи.
Распродадено
Веруваме во квалитетот на нашите производи и со гордост ви даваме 1-годишна гаранција за производите.
Ги користиме исклучиво најдобрите материјали за да создадеме висококвалитетни кожни производи кои траат цел живот. Ние веруваме во квалитетот на нашите производи и со гордост ви даваме 1-годишна гаранција за производите. Ова ви овозможува да купувате без грижи. Одржливоста е важна за нас и ви гарантираме дека секој производ е одговорно произведен.
14 дена враќање или замена на производите без никакви прашања и можност за плаќање при прием на производот
Уживајте во политиката за враќање или замена без прашање до 14 дена. Со ова сакаме да се осигураме дека сте целосно задоволни од производот. Сакаме нашите клиенти да се чувствуваат самоуверено и горди со нашите производи и затоа доколку производот кој сте го нарачале не е она што сте го очекувале, можете лесно да го вратите во рок од 14 дена од приемот. Само контактирајте не на нашиот телефон или меил адреса, а ние со задоволство ќе ви излеземе во пресрет .
Дополнителни Информации:
| Должина |
22cm |
|---|---|
| Ширина |
13cm |
| Висина |
24cm |
| Боја |
Сина |
| Пол |
Женски |
| Тип на кожа |
Washed Waxed Pull Up Leather |
Чантата доаѓа со две рачки за на рамо што се вадат по потреба, од кои долгата е прилагодлива. На овој начин можете да ја носите не само како чанта за рамо, туку и попречно преку тело во зависност како ви одговара на вашиот стил во моментот. Чантата има пространа главна преграда која се затвара со патент, а во неа има доволно простор за вашите работи како што се телефонот, клучевите, паричникот и очилата за сонце. Во главната преграда има и пет мини џебови за работи како, пенкала, телефон и други ситни предмети. Останатите два џебови се нешто поголеми, од кои едниот има патент. Дополнително на задната страна има и уште еден џеб со патент.
Долните агли имаат прекрасни детали во форма на лакови.
Да издвоиме:
- Две рачки за рамо што се вадат по потреба
- Една прилагодлива рачка
- Пространа главна преграда со затворање со патент
- Неколку мали прегради за складирање
Оваа чанта е изработена од вискоквалитетна Washed – Waxed Pull-Up кожа. Овој тип на кожа е комбинација на две различни техники на изработка со цел на крај да се добие еластична текстура и екстра мека кожа на допир. По штевењето, чантата уште еднаш дополнително рачно се премачкува со природен восок за да се постигне тој екстра мазен ефект, а истовремено и да се сочува винтиџ ефектот на самата кожа.
Заради завршната восочната обработка оваа чанта можете и лесно да ја оджувате со нашиот специјален восок за одржување и чистење. Само поминете ја чантата со него и таа ќе си го врати стариот сјај.
Сите ваши нарачки се испраќаат преку курирска служба т.е. брза пошта. На денот на испораката курирот ќе ве контактира дали сте на локацијата која сте ја навеле за испорака, а доколку не сте таму можете да одложите и за друг ден. Нарачките се испорачуваат помеѓу 8:00 и 17:00 часот и најдобро е да наведете локација на која се наоѓате најчесто во тој период од денот, било тоа да е на работа, дома или на некое друго место.
Време на испорака
- Нарачките пристигнуваат за 1-4 работни дена (најчесто два дена) од вашата нарачка.
Сакате експресна испорака?
- Доколку сакате приоритетна испорака во полето за нарачка можете да го наведете тоа и нарачката ќе ја добиете за:
Скопје – 1 до 3 часа (300 ден)
Надвор од Скопје – истиот ден доколку е нарачано до 9:00 часот наутро или наредниот ден доколку е после 9:00 часот (420 ден)
Не ви се чека испорака од брза пошта?
- Посетете не на нашата локација на ул. Јуриј Гагарин бр 55, 1000 Скопје каде можете да ги подигнете производите на лице место.
НАПОМЕНА – можат да се подигнат само производите кои се веќе нарачани и платени со платежна картичка преку веб страната www.thechesterfieldstore.mk . Оние потрошувачи кои имаат избрано опција плаќање на курир во готово при прием, ќе мораат да ја сочекаат испораката од брзата пошта.
The Chesterfield Brand производите се направени за да го поттикнат вашиот успех. Изгледајте добро, чувствувајте се добро и почитувајте го сопствениот успех. Chesterfield ќе ве следи во чекор.
Имате некакви прашања поврзани со некој наш производ?
ИСПРАТЕТЕ НИ ПОРАКА
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
ул. Јуриј Гагарин бр.55, Скопје
СЛЕДЕТЕ НЕ
Може да Ве интересира и:
Чанта Женска Кожна Lucca – Кафена
ИСПРАТЕТЕ НИ ПОРАКА
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
ул. Јуриј Гагарин бр.55, Скопје

Критики
Сеуште нема мислења.