Информации за испорака на нашите производи
- Информации за испорака на нарачаните производи
Сите ваши нарачки се испраќаат преку курирска служба т.е. брза пошта. На денот на испораката курирот ќе ве контактира дали сте на локацијата која сте ја навеле за испорака, а доколку не сте таму можете да одложите и за друг ден. Нарачките се испорачуваат помеѓу 8:00 и 17:00 часот и најдобро е да наведете локација на која се наоѓате најчесто во тој период од денот, било тоа да е на работа, дома или на некое друго место.
Време на испорака
- Сите производи ги испраќаме истиот или наредниот ден (во зависност од времето во кое се нарачани) со цел да стигнат на вашата адреса во најкраток можен рок. Производите вообичаено стигнуваат за 1-3 дена во зависност од вашата локација.
Сакате експресна VIP достава?
За вас е тука нашата премиум услуга – VIP достава за 0-24 часа. За сите оние кои задоцниле со подарокот или пак само сакаат да го имаат нивниот нов производ веднаш оваа услуга е создадена за вас.
VIP достава Скопје (170 ден) – вашата нарачка пристигнува на адресата истиот или наредниот ден во зависност од времето во кое е направена.
VIP достава надвор од Скопје градски средини (350 ден): За VIP нарачките кои се за достава надвор од Скопје, доколку се направени после 14:00 ч истите ги испраќаме наредниот ден и пристигнуваат ден потоа.
- Пример 1: VIP нарачка направена во понеделник до 14:00 ч пристигнува наредниот ден – вторник.
- Пример 2: VIP нарачка направена во понеделник после 14:00 ч ја испраќаме во вторник и стигнува на вашата адреса во Среда.
Дополнителна информација: иако е редок исклучок, посто можност брзите нарачки надвор од Скопје да бидат одбиени од брзата пошта поради неможност за брза испорака и доколку се случи таква работа за истите ве известуваме веднаш телефонски (или на меил адресата доколку не можеме да ве добиеме на дадениот телефон)
Не ви се чека испорака од брза пошта?
- Посетете не на нашата локација на ул. Јуриј Гагарин бр 55, 1000 Скопје каде можете да ги подигнете производите на лице место.
НАПОМЕНА – можат да се подигнат само производите кои се веќе нарачани и платени со платежна картичка преку веб страната www.thechesterfieldstore.mk . Оние потрошувачи кои имаат избрано опција плаќање на курир во готово при прием, ќе мораат да ја сочекаат испораката од брзата пошта.