Доколку сте заинтересирани да ги имате производите од колекцијата на The Chesterfield Brand во вашето продажно место само исконтактирајте не на нашиот телефонски број или меил, или пак пополнете ја контакт формата на нашата веб страна и нашиот тим со задоволство ќе ве контактира за соработка.
Нашата цел кога е големопродажбата во прашање е да бидеме максимално флексибилен партнер за сите наши соработници кои имаат свои малопродажни објекти.
За таа цел, овозможуваме нарачка по каталог без ограничување во количината по артикл и без налагање на минимална вредност на пласирана нарачка.
Во исто време, знаејќи дека социјалните мрежи се главна маркетинг и продажна алатка во светот, како дополнителна поддршка имаме обезбедено и голем број промотивни материјали, слики и видеа кои сите наши партнери можат слободно да ги користат во продажниот процес.
Исто така на нашите партнери им се достапни и промотивни дисплеи за самите малопродажните објекти каде производите на The Chesterfield Brand би добиле уште подобра видливост и препознатливост.
Со задоволство го очекуваме вашиот контакт и се радуваме на идната соработка.