• Плаќање и испорака

Производите можете комплетно безбедно да ги нарачате и/или купите онлајн преку нашиот официјален веб сајт www.thechesterfieldstore.mk или преку порака на нашите социјални медиуми.

По нарачката, ние во најбрз можен рок, преку курирска служба т.е. брза пошта бесплатно ќе ви ги испратиме до вашата адреса или пак доколку не ви се чека испораката можете да дојдете на нашата локација на ул. Јуриј Гагарин 55, 1000 Скопје од каде можете на лице место да ги подигнете веќе нарачаните производи.

НАПОМЕНА – можат да се подигнат само производите кои се веќе платени со платежна картичка преку веб страната www.thechesterfieldstore.mk .

Оние потрошувачи кои имаат избрано опција плаќање на курир во готово при прием, ќе мораат да ја сочекаат испораката од брзата пошта.

 

Доколку нарачувате преку веб страната можете да изберете две опции за плаќање:

  1. Плаќање во готово на курирот при превземање на производот
  2. Плаќање со платежна картичка.
Плаќањето со платежна картичка на www.thechesterfieldstore.mk е комплетно безбедно бидејќи користиме најнов безбедносен протокол и криптографска технологија. При внесување на податоци од платежна картичка, доверливите информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со помош на протоколот SSL и системот PKI.
Сите овие податоци ги внесувате директно во системот на Комерцијална Банка АД Скопје и ние како www.thechesterfieldstore.mk немаме никаков пристап до истите.