Во The Chesterfield Brand имаме огромна пасија за кожата. Кожата мора да ја мириснете, мора да ја почувствувате и дури потоа можете да кажете дека имате убаво парче кожа во рацете.

Пасија по кожа

Во The Chesterfield Brand, ние сме апсолутно фасцинирани од кожата. Кожата мора да ја мириснете, мора да ја почувствувате и дури потоа можете можете да кажете дека имате убаво парче кожа во рацете. За да ја креирате таа мека и еластична кожа одново и одново, а потоа да ја трансформирате во модерен и функционален кожен производ во кој можете да уживате со години потребно е многу работа. Но за нас во The Chesterfield Brand тоа претставува задоволство.

Кожните чанти, паричници, ранци и торби треба да траат. И токму тоа е убавината на Wax Pull Up кожата која ја користиме - затоа што дури и ако кожата се "истроши", едно поминување со нашиот кожен восок и вашата чанта или паричник повторно ќе изгледа како нов... Или пак можеби не? Затоа што додека некои луѓе сакаат нивната кожна чанта да сјае како нова, за други таа што изгледа “остарено и истрошено” е изгледот кој го бараат, вие одлучувате!

Занаетчиство, внимание и страст

Креирањето на нашата уникатна и квалитетна кожа бара прецизна изработка, внимание и страст. За да го постигнеме ова работиме заедно со неколку добавувачи од Индија - кои се наши партнери во овој процес. Низ долгогодишната соработка која ја имаме, секојдневните контакти и честите посети на фабриките, заедно градиме нешто навистина убаво. За нас тоа не е само цел, туку барање секоја алка во синџирот да има корист од производството на нашите чанти. За да се осигураме во ова, работиме само со фабрики со SA8000 и/или SEDEX сертификати.

Квалитетна Кожа

Кожата која ја користиме

Кожите што се користат за нашите производи доаѓаат од различни земји, но главно од Индија и Бразил. Ние користиме говедска кожа за 90% од нашите производи, а останатите 10% се направени од биволска кожа. Она што е најбитно за нас е дека нашата кожа доаѓа како нуспроизвод т.е. не се убива ниедно животно со цел за да се направат нашите производи. Со соодветна обработка на оваа кожа на различни начини, ние добиваме и различни видови кожа.

Говедската кожа може да се подели на три слоја: 1 - зрнеста кожа, 2 - среден слој (спојот) 3 - слој на кожа (расцеп). Квалитетот и издржливоста се разликуваат по слој. За сите производи на The Chesterfield Brand, се користи 100% полнозрнеста кожа (Full Grain). Full Grain е слојот со најприроден карактер - тоа е најцврстиот и најиздржливиот слој. Бидејќи ова е највисокиот квалитет на кожа што можете да го добиете, тоа е и најскапата кожа. Полнозрнестата кожа (The Full Grain Leather) е направена да трае цел живот, отпорна е на дожд и е единствениот тип на кожа што станува поубава со текот на користењето.

Низ нашето долгогодишно усовршување и искуство, ја развивме нашата специјална Cow Wax Pull Up кожа. Оваа кожа е произведена со природен восок и природни масла, што дава уникатно мек и еластичен краен производ. Дополнително, овој тип на кожа лесно може да се третира со нашиот восок, што резултира со издржлив производ кој ќе трае со години.

Штавење / Обработка на кожата

Во процесот на штавење, сировата кожата се претвора во употреблива кожа. Овој процес го одредува квалитетот на кожата, како изгледа и како ќе се чувствува на допир. Штавењето на кожата не е воопшто лесно. Потребно е многу време и знаење и ниедна кожа не е иста. Но за нас ова не е само убав предизвик, туку гарантира дека секој производ од нашата колекција е уникатен!

Но, сигурно се прашувате како точно функционира ова? Кожите што пристигнуваат во кожарите кај нашите партнери, се избрани и подготвени за процесот штавење. За ова, кожите се чистат и се натопуваат во специјална бања за да се одстранат остатоците од влакната и нечистотијата. Следно, кожите се ставаат во големи дрвени буриња. Структурата на одредени протеини во кожата се обработува за да се создаде добро и издржливо парче кожа. За овој процес може да се користат различни средства за штавење. Поголемиот дел од кожата во светот е хемиски штавена. Ние исто така за дел од нашата колекција користиме хемиски штавена кожа. Сепак, за сè поголем дел од нашата колекција, се користи метод на природно штавење (наречено Wet White Tanning). Овој метод е поеколошки бидејќи се користат само природни производи. Оваа техника и дава на кожата бел сјај, па оттука и името „ Wet White Tanning “.

По штавењето, кожата се пресува за да се извади влагата, по што може да се подели. При разделување, горниот и долниот слој на кожата се делат еден од друг. Горниот слој е оној силниот и рамномерен кој е погоден за производство. По расцепувањето, кожата уште еднаш се мие во посебни канти. Овој пат тоа е за да ја добиете вистинската боја и да ја направите структурата на кожата мазна. Потоа е време кожата да се исуши. Ова може да се направи со пресување на кожата или со растегнување на решетки. Во Индија каде што се нашите фабрики, имаме можност за сушење на кожата на сонце, што и дава уште подлабока боја на кожата.

По ова, кожата е подготвена за финална доработка и во овој последен чекор се нанесува завршниот слој. Тука, кај нашата најчесто користена кожа - Cow Wax Pull Up, восокот се додава рачно. Со користењете на природни масла и восоци наместо бои и пигменти, кожата добива меко и еластично чувство. Со оваа техника создаваме издржлив производ кој долго време ја задржува својата боја и квалитет.

Типови на кожа кои ги користиме во The Chesterfield Brand

Во The Chesterfield Brand, ова е типот на кожа кој најчесто го користиме. По пресување, кожата рачно се обојува со природни масла и восоци наместо вештачки бои и пигменти. Оваа завршница гарантира дека овие бои нема да останат на површината на кожата, туку ќе бидат вовлечени во нејзините пори, создавајќи природен винтиџ изглед. Како резултат на восочниот завршеток наместо прскање со вештачки вои, создадовме производ кој е многу издржлив и ги одржува својот квалитет и боја.

Овој тип на кожа е направен од биволска кожа. Кожата од бивол е генерално потврд тип на кожа, но во соработка со нашите кожарници развивме посебен процес на обработка, кој ја одржува еластична. Бидејќи со машинско прскање т.е. боење е можен само цврст краен ефект, овој тип на кожа рачно го прскаме во онаа боја која сакаме да ја добиеме. Ова и дава посебен ефект и прави да изгледа како да има 2 различни нијанси