Космоплитски и урбани, безвременски и модерни, нашите кожни прозводи од сирова кожа претставуваат комбинација на елеганција, стил и практичен дизајн.

Инспирирани од легендарниот англиски Chesterfield стил, нашиот пристап го премостува класичното и современото, винтиџот и авангардното. Се стремиеме да обезбедиме беспрекорни модни додатоци за индивидуалци кои го ценат сопствениот успех, и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

The Chesterfield Brand: Неверојатна историја

Безвременскиот Chesterfield стил во својата 250 годишна историја секогаш бил синоним на елегантен и луксузен стил. Денес, името претставува синоним за квалитет, убавина и мајсторска изработка, а мебелот со кој повеќето луѓе го поврзуваат ова име никогаш нема излезено од мода.

 

Потеклото на Честерфилд стилот претставува приказна за нагласен гламур и желба за нешто навистина уникатно, импресивно и правено по нарачка. Уште во средината на осумнаесеттиот век во Англија, Филип Дормер Стендхоуп (Philip Dormer Stanhope) - грофот на англискиот град Честерфилд, сметал дека на мебелот што го наследил во неговиот величенствен дом му недостасува “нешто посебно” и не го одразува неговото индивидуално чувство за стил и мода. Сакајќи да ги импресионира своите угледни пријатели со својот исклучителен вкус, модерен изглед и око за детали, тој го ангажирал највештиот и најпознат занаетчија. Заедно започнале да дизајнираат софа во еден нов и уникатен стил за неговата дневна соба. Тоа требало да биде визија за нешто модерно во тоа време. Комбинирајќи практичност, издржливост и исклучителна елеганција - изработиле софа со изразени шевови, преголеми копчиња со тркалезни глави и потпирачи за раце со заоблена, цврста но префинета форма.

Ова станало инстант хит и симбол на квалитет - англиски дизајн од висока класа и икона на успехот. Честерфилд стана вистински гејм-чејнџер. Овој безвременски трендсетер нема изгубено ништо од своето влијание на модата. Тој продолжува да дава инспирација за дизајнерите на луксузни парчиња до ден-денес.

The Chesterfield Brand

Ние, во The Chesterfield Brand, сакаме да понудиме повеќе од само низа висококвалитетни, убаво изработени чанти, паричници и додатоци. Сакаме да го земеме оригиналниот, иконски стил на неверојатниот мебел Честерфилд што сите го знаеме и обожаваме и да исткаеме од него нешто ново, возбудливо, провокативно и луксузно за современата публика. Сакаме да ви го доловиме тој грофовски дух и да го искористиме за да ви помогнеме гордо да ги подигнете главите и да ви ја разгориме имагинацијата додека самоуверено шетате низ градот. Никогаш не престануваме да се стремиме кон совршенството, бидејќи знаеме дека нашите клиенти не очекуваат ништо помалку.

 

Како такви, сите производи во The Chesterfield Brand се внимателно дизајнирани за да постигнат максимален ефект и да понудат врвна привлечност во високата класа и безвременската елеганција. Нашата цел е суптилно да го споиме класичното со современото и да додадеме модерен пресврт на вистинската дизајнерска класика. Овој пристап и филозофија го применуваме не само на нашите прекрасни луксузни чанти, паричници, торби и ранци, туку и на сите останти мали кожни производи и линии на висококвалитетни каиши.

Како што милува да каже нашиот дизајнерски тим: „Предизвикот е да се преведе тоа иконско Честерфилд чувство и сензација во низата безвременски, стилски задолжителни модни додатоци. Секоја наша колекција мора да испровоцира инстантна желба - во спротивност не сме ја завршиле нашата задача“.

Таа инстантна желба се создава преку нашиот спој на неповторлива елеганција и остар контраст. Сирово, но богато, винтиџ, но модерно.

 

Додека квалитетот и луксузот се срцето и основата на она што го работиме, ние исто така веруваме дека пристапноста и достапноста се исто така клучни. Брендот Chesterfield пополнува една главна празнина на пазарот: помеѓу модерни кожни чанти и прозизводи кои се сметаат за премногу скапи и разни брендови кои се наклонети кон генеричкото и неиновативното. Сметаме дека одличниот стил не треба да биде надвор од дофат за никого, а ние сме доказ дека чистиот квалитет и врвниот дизајн можат да дојдат со реална цена.

Бренд Концепт

Успехот претставува дел од брендот Честерфилд. Секој производ што го произведуваме и го носи нашето име е наменет за оние луѓе кои сакаат да го истакнат својот успех, да ја изразат својата амбициозна природа и да ги прикажат своите достигнувања пред светот - и тоа да го направат преку безвременски, стилски и убаво изработени кожни производи.

 

Дизајните на The Chesterfield Brand се засноваат на следниве принципи: независност, амбиција и успех постигнат преку напорна работа, самоувереност и бестрашен дух. Сето ова води до нашето инспиративно мото: „Ценате го сопствениот успех“ . Ти, пред сè, заслужуваш да изгледаш добро.

 

Нашата посветеност на квалитетот започнува уште во почетната фаза на производство, од деталите на секој продукт. Секој чекор кој го поминуваат нашите кожни чанти и додатоци, од дизајн до комплетирање на финалниот продукт, не се штедиме на трошоци и секоја фаза е надгледувана со максимална посветеност дури и на најситните детали.

Toa е причината зошто производите се направени од најквалитетна кожа, обработена и произведена од лиценцирани фабрики во Индија. Над сè, ние се стремиме да обезбедиме уникатен и модерен производ инспириран од класичниот англиски стил на Честерфилд и бренд што зрачи со моќен, луксузен и елегантен имиџ.

 

Со напредна маркетинг стратегија насочена кон Фејсбук и Инстаграм која вклучува и неколку модни списанија од високата класа, нашите чанти сега редовно се појавуваат на телевизија, во шопинг центри и модни списанија како и на прегратките на неколку европски познати личности. Срдечно ве покануваме да ни се придружите во нашата визија и да започнете да го “цените сопствениот успех” .


Добредојдовте во The Chesterfield Brand !