• Замена или враќање на производите по желба на купувачот.

    Уживајте во нашата политика за враќање или замена без прашање до 14 дена. Со ова сакаме да се осигураме дека сте целосно задоволни од нашиот производ. Сакаме нашите клиенти да се чувствуваат самоуверено и горди со нашите производи и затоа доколку производот кој сте го нарачале не е она што сте го очекувале, можете лесно да го вратите во рок од 14 дена од приемот. Само контактирајте не на нашиот телефон, меил адреса или социјални медиуми, а ние со задоволство ќе ви излеземе во пресрет .

    Единствен услов е производот да биде во неговото оригинално пакување и неоштетен, поточно да не биде користен или носен.

    Враќањето или замената на производот останува на трошок на купувачот.

    Зошто е тоа така?

    Во The Chesterfield Brand правиме висококвалитетни производи по фер цена и при тој процес сакаме адекватно да ја наградиме секоја алка во нашиот синџир на набавки и на крај да донесеме одговорно селектиран, квалитетен производ на пазарот. Одржливоста игра клучна улога во сето ова. Со наплата на дел од трошоците за враќање, остануваме способни да ги одржуваме овие основни вредности. Во процесот на враќање на производот има поголема процедура отколку што тоа јавно се гледа. Бројот на раце низ кои треба да помине производот, ефектите врз животната средина и трошоците кои се вклучени тука често се занемаруваат. Пакетот мора да се испрати назад до нашиот магацин, да се процени и детално да се прегледа од нашиот тим, сметководствено да се обработи и на крај производот мора да се исчисти и/или повторно да се пакува пред да добие зелено светло за да може повторно да се постави на продажба.

    Со цел да ви излеземе во пресрет уште повеќе, да ја олесниме и забрзаме оваа процедура ви нудиме и опција вие лично да дојдете во нашите простории и да ја направите замената или враќањето на производот без никакви надоместоци. Пред тоа е потребно само да ни се јавите на нашиот телефонски број или меил за да договориме соодветен термин.

       

        • Враќање или замена во случај на оштетен производ

      Ние секогаш се трудиме при пакувањето на производите тие да бидат максимално заштитени со цел да се избегне било какво оштеување на истите. Сепак, доколку производот кој ќе го добиете има некаква маана или оштетување истиот ќе ви го замениме или ќе ви ги вратиме парите по ваша желба.

      Ваша единствена обврска е веднаш да го проверите производот по приемот и доколку утврдите дека истиот има некакво оштетување тоа да ни го пријавите во рок од 24 часа од времето на прием на пратката (заведено на листата за прием на пратка од брзата пошта).

      За прифатливо известување за оштетување ќе се смета известување на нашите телефони, меил адреса или социјални медиуми заедно со приложени фотографии и/или видео од оштетениот производ (и местото каде е оштетен) во рок од максимум 24 часа од приемот. Рекламации без фотографии и по истекот на овие 24 часа нема да бидат прифатени.