Во деловниот свет, добриот подарок ретко е само подарок. Тоа е впечаток кој го оставате за вашата компанија.
Корпоративниот подарок претставува знак на благодарност за успешна соработка, внимание кон клиент, признание за важен деловен партнер или начин компанијата да покаже дека ги цени луѓето што придонесуваат за нејзиниот успех.
Токму затоа изборот на корпоративен подарок заслужува повеќе внимание од изборот на уште еден промотивен производ. Најдобрите бизнис подароци се внимателно избрани, квалитетни и доволно практични за примачот навистина да сака да ги користи.
Ако барате корпоративни подароци во Македонија за клиенти, вработени, менаџери или деловни партнери, издвојуваме пет идеи од The Chesterfield Brand кои комбинираат елеганција, практичност и трајна вредност.
Зошто кожен производ е одличен корпоративен подарок?
Кожниот производ има природно премиум чувство и безвременски изглед, но неговата вистинска вредност е во тоа што е создаден да се користи. Добро избран паричник, бизнис торба или ранец не е подарок што ќе остане заборавен во фиока – тој со текот на времето станува дел од секојдневието на човекот што го добил.
А подарокот кажува нешто и за компанијата што го подарува. Квалитетен кожен производ остава впечаток на внимание, стил и вредност, без да биде нападен или претенциозен. Токму затоа производите од овој тип за разлика од класичните промотивни производи се одличен избор кога сакате подарокот да остави добар впечаток и долго да потсетува на вашата компанија.
1. Кожен паричник – избор со кој нема грешка

Добриот кожен паричник е еден од оние подароци кои лесно се вклопуваат во различни деловни ситуации.
Доволно е личен за да се почувствува како вистински подарок, но истовремено е практичен и универзален. Тоа го прави одличен избор кога барате корпоративни подароци за клиенти, вработени или деловни партнери, особено кога подарувате на поголем број луѓе.
За помодерен и минималистички избор, кожниот паричник за картички е уште една добра опција. Компактен е, елегантен и одговара на современиот начин на секојдневно користење картички.
Разгледајте ги колекциите ➡ женски паричници / ➡ машки паричници
2. Луксузен Гифт Сет – кога и начинот на подарување е важен

Кај корпоративните подароци, впечатокот започнува уште пред подарокот целосно да биде отворен.
Токму затоа луксузните гифт сетови имаат посебна вредност. Комбинација од квалитетни производи и елегантна брендирана магнетна кутија која создава чувство дека подарокот е внимателно избран, а не најден во последен момент.
Овие сетови се особено соодветни кога сакате да направите чекор повеќе за клиент или партнер со кој имате важен деловен однос, без подарокот да стане премногу личен или претенциозен, но сепак да се издвои од се останато.
Разгледајте ги сетовите ➡ луксузни гифт сетови
3. Кожна бизнис лаптоп торба или ранец – подарок со вистинска тежина

За важен клиент, долгогодишен партнер или член на менаџментот, кожна бизнис лаптоп торба или ранец е дефинитивно еден од највпечатливите корпоративни подароци. Не само поради нивната вредност, туку затоа што стануваат дел од професионалното секојдневие на примачот – на работа, состаноци, деловни патувања и средби.
Овој тип на производи ја има вистинската рамнотежа меѓу функционалност и елеганција. Изгледаат доволно посебно за важна прилика, а истовремено се вреден производ кој може да се користи со години. Ова не е подарок што би го избрале за секого. И токму во тоа е неговата вредност. Кога сакате да покажете дека одреден деловен однос има посебно значење, подарокот треба да го одразува тоа.
Разгледајте ги лаптоп бизнис торбите➡ машки лаптоп бизнис торби / ➡ женски лаптоп бизнис торби
Разгледајте ги кожните ранци ➡ машки кожни ранци / ➡ женски кожни ранци
4. Кожна патна торба или несесер – подарок за луѓето во движење

За клиент, партнер или менаџер кој често патува, подарокот може да биде избран токму според неговиот начин на живот.
Кожната патна торба е еден од највпечатливите избори во оваа категорија. Има премиум изглед, практична е за кратки деловни и приватни патувања и може да остане во употреба со години. За подискретен подарок, кожните несесери се одлична алтернатива. Практични се, лесни за подарување и доволно универзални за да бидат интересни и за поголеми корпоративни нарачки.
Дополнителната предност е што овие производи не се меѓу највообичаените бизнис подароци.Во период кога клиентите и партнерите добиваат многу слични подароци, внимателно избран производ што се издвојува има многу поголема шанса да биде запаметен.
Разгледајте ги колекциите ➡ патни торби / ➡ кожни несесери
5. Кожни привезоци и додатоци – мал подарок со премиум карактер

Кога треба да подарите на поголем број луѓе, помал, квалитетен и употреблив производ често е подобар избор од поголем подарок без вистинска вредност за примачот. Не секој корпоративен подарок мора да биде голем за да остави добар впечаток.
Кожните привезоци, футроли и помали додатоци се одлична опција кога барате квалитетен подарок за поголем број клиенти, партнери или вработени, а сепак сакате да избегнете типичен промотивен производ. Компактни се, практични и лесни за подарување, а вистинската кожа им дава чувство на вредност кое ги издвојува од класичните корпоративни ситници.
Особено добро функционираат и како дополнување на поголем подарок или како дел од внимателно составен подарочен пакет.
Разгледајте ги производите ➡ кожни привезоци, футроли и додатоци
+ 2 бонус идеи за корпоративни подароци
Покрај петте главни предлози, постојат уште две опции кои можат да бидат особено добар избор кога сакате да пристапите малку поинаку кон корпоративното подарување.
1. Gift картичка – кога сакате изборот да го оставите на примачот
Понекогаш најдобриот подарок е оној што му дозволува на примачот самиот да избере. Gift картичката од The Chesterfield Brand е практично решение кога сакате да подарите нешто вредно, но не сте сигурни кој модел, боја или тип на производ најмногу би му одговарал на клиентот, партнерот или вработениот.
Наместо да ризикувате со премногу личен избор, подарувате можност примачот сам да го избере производот што навистина ќе го користи. Gift картичката ја задржува вредноста на премиум подарокот, а истовремено му дава слобода на примачот да го направи изборот свој.
2. Женска или машка кожна чанта – кога сакате нешто повеќе од класичен бизнис подарок
Не секој корпоративен подарок мора да изгледа „корпоративно“.
Доколку сакате да се оддалечите од класичниот избор на паричник, лаптоп торба или деловен додаток и да подарите нешто полично, женска или машка кожна чанта може да остави особено силен впечаток. Ова е подарок кој повеќе личи на внимателно избран личен гест отколку на стандарден корпоративен подарок. Токму затоа најдобро функционира кога добро го познавате примачот – на пример долгогодишен клиент, важен деловен партнер или член на менаџментот.
Кај ваквиот подарок изборот на модел и стил е поважен, но кога е правилно избран, квалитетната кожна чанта може да остави многу посилен и поличен впечаток од класичен бизнис подарок.
Корпоративни подароци од The Chesterfield Brand
Нашата цел е вашиот подарок да се издвои од сите останати – да изберете подарок што ќе остави вистински впечаток во моментот кога ќе биде подарен, но ќе продолжи да има вредност и да потсетува на вас долго потоа.
Без разлика дали барате бизнис подарок за еден важен партнер или решение за поголем број клиенти и вработени, изборот може да се приспособи според пригодата, буџетот и профилот на примачите.
Контактирајте не преку контакт формата, на меил адресата или нашиот телефонскиот број и ние со задоволство ќе ви помогнеме да го изберете најсоодветниот производ од колекцијата на The Chesterfield Brand според вашите потреби.