На залиха
Кожното женско ранче Amanda е поголемата сестра на моделот Claire. Ова е ранче направено од најквалитетна полнозрнеста Wax Pull Up кожа кое има одлична поделба во внатрешноста што го прави идеален придружник за вашите секојдневни активности.
Во главната преграда покрај добриот распоред и поделба ќе најдете и дополнителни џебови со патент, практични внатрешни организери како и посебна преграда за вашиот телефон. Средната преграда која ја дели внатрешноста на два дела се затвора со патент и е идеална за безбедно чување на вашите најважни работи. Однадвор ќе најдете и две дополнителни прегради со патент за максимална организација.
| Должина | 27cm |
|---|---|
| Ширина | 11cm |
| Висина | 33cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Овој кожен женски ранец е направен од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand затоа што му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата, туку се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.