Пребарај производ Започнете со пишување

Корпоративни подароци кои оставаат впечаток!

Кога подарувате на клиенти, деловни партнери или вработени, изборот зборува и за вашата компанија, а нашата цел е вашиот корпоративен подарок да се издвои од сите останати. Со изборот на The Chesterfield Brand кожен производ вие подарувате луксузен и елегантен подарок што ќе остави вистински впечаток во моментот кога ќе биде подарен, но исто така има трајна вредност и ќе остане да потсетува на вашиот гест долго потоа.

4.9/5
  • Персонализирани подароци

    Додајте личен печат со гравирање име или лого на вашата компанија.

  • Понуда според вашиот буџет

    Ќе ви предложиме соодветна селекција според буџетот, количината и поводот.

  • Избор од целата колекција

    Изберете подароци од целата TCB колекција, од кожни паричници и додатоци до чанти, ранци и патни торби.

  • Комбинирање производи

    Направете лична комбинација различни производи соодветни за вашиот тим, клиенти или бизнис партнери, а ние ќе се погрижиме се тоа да изгледа перфектно спакувано.

  • Договорена испорака

    Подготовката и испораката ги организираме според вашите рокови и потреби.

Совршени корпоративни подароци за вашите:

Квалитет поткрепен со гаранција!

Користиме исклучиво најквалитетна 100% полнозрнеста кожа за сите производи да траат со години.

Cow Wax Pull up

Buff Crumbled Leather

Разгледајте ги нашите категории на производи

Најчесто поставувани прашања

1. Дали сите производи од сајтот се достапни за корпоративна понуда?
  • Да, сите производи кои ќе ги најдете во каталогот или на веб сајтот (без разлика дали во моментот се на залиха на веб сајтот) се достапни за нарачка. Финалната достапност на количините и испораката ја потврдуваме истиот ден кога ќе не контактирате со вашето лично барање во однос на моделите и потребните количини.
2. Дали има минимална нарачка или вредност на нарачка?
  • Нашата цел е да бидеме максимлано флексибилен партнер за секој оној кој е заинтересиран за производите на The Chesterfield Brand. Од таа причина немаме задолжителна минимална вредност на нарачка или број на производи кои треба да се нарачаат. Секоја нарачка се подготвува според вашите потреби, буџет и посакуваниот број на примачи, за да ви понудиме најсоодветно лично решение.
3. Колкав е минималниот број на нарачани производи?
  • Исто како и вредносно, така и количински не ве ограничуваме во однос на број парчиња или бои. Можете да нарачате нарачате еден или повеќе производи во една или повеќе бои. Во овој дел, изборот останува комплетно на вас.
4. Колку време е потребно за подготовка и испорака?
  • Рокот за подготовка и испорака може да биде од 2 дена до 1 месец. По добивање информации за вашето барање во однос на вид на производ, количина и евентуална персонализација, нашиот тим ќе ви ја потврди прецизната временска рамка и сите следни чекори.
5. Дали има можност за персонализација?
  • Да, сите производи имаат можност за персонализација со гравирање на самиот производ или со посебни брендирани картички. Нашиот тим лично ќе ви објасни повеќе за ова по иницијално остварениот контакт.
6. Дали е можно да се комбинираат повеќе производи во еден подарок?
  • Да, доколку сакате да направите лична комбинација која сте ја замислиле за одредена личност, можете да искомбинирате повеќе производи во еден подарок. Ова е особено соодветно за корпоративни пакети, подароци за настани или персонализирани подароци за повеќе различни примачи.

Пополнете ја формата и веднаш ќе ве исконтактираме!

Корпоративни подароци
Контакт тел: +389 78 225 813

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form