На залиха
Кога денот бара повеќе од вас, потребна ви е чанта која може да го следи вашиот ритам, без да го компромитира вашиот стил. Elira е женска кожна чанта која го спојува елегантниот изглед со просторот и практичноста што ви се потребни во секојдневието.
Доволно пространа за таблет, ручек и сите неопходни предмети, а сепак со внимателно осмислен дизајн кој ја задржува нејзината префинетост. Изработена е од висококвалитетна полнозрнрста Wax Pull-up кожа, која со текот на времето станува уште помека, добива побогати нијанси и развива уникатен карактер.
Главната преграда на оваа кожна чанта се затвора со патент и нуди пространа, внимателно организирана внатрешност. Во неа се наоѓа посебна преграда за таблет, како и дополнителен внатрешен џеб со патент, идеален за побезбедно чување на помали вредни предмети.
За уште подобра организација, Elira располага со посебна преграда за мобилен телефон и практичен организатор за пенкала и картички, овозможувајќи сите ваши наопходни работи да бидат уредно организирани и лесно достапни.
Внатрешноста на чантата е дополнително обложена со издржлива постава од рециклиран најлон, која е лесна за одржување и отпорна на секојдневно користење.
На задната страна се наоѓа дополнителен џеб со патент, идеален за предмети што често ги користите и сакате да ги чувате безбедно, а сепак секогаш да ви бидат при рака.
Elira доаѓа со два отстранливи ремени за носење. Краткиот ремен овозможува удобно носење преку рамо, додека долгиот прилагодлив ремен ви дава можност да ја носите и преку цело тело, кога сакате поголема слобода на движење.
Со својот безвременски дизајн, врвен квалитет и паметно организирана внатрешност, Elira е чанта која внесува елеганција во секојдневните обврски. Совршен избор за жени кои сакаат да носат сè што им е потребно, но никогаш повеќе од она што навистина им треба.
| Должина | 31.5cm |
|---|---|
| Ширина | 11.5cm |
| Висина | 31cm |
| Боја | Кафена |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
За кожата
Овој производ е направен од висококвалитетна 100% Full Grain Cow Wax Pull Up кожа која воедно е најкористениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Карактеристична е по својата исклучителна мекост, природна текстура и длабока богата боја која со текот на времето добива уште поубав карактер и му дава прекрасен ефект на производот како ниеден друг тип на кожа… Но зошто се добива овој ефект?
Она што ја прави оваа кожа посебна е врвното занаетчиство и начинот на обработка.
По штевењето и пресувањето, за разлика од најголемиот број други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти, нашата кожа рачно се бои со природни масла и восоци. На овој начин маслата продираат длабоко во порите на кожата, создавајќи природен изглед и богат колорит. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо класичното прскање со разни заштитни слоеви, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет, боја и природен изглед со години. Заради овој пристап и обработка, Wax Pull Up кожата со текот на годините станува само поубава и добива ункатен карактер и патина кој ја раскажува вашата лична приказна со вашиот нов кожен прозвод.
Одржување
За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.
Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна dustbag торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.
Honour Your Success
Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.
Look better, Feel better. Perform better.
Honour Your Success!
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.