Пребарај производ Започнете со пишување

Чанта Женска Кожна Garda – Црна

11.390 ден со ДДВ
Шифра: C48.127400

На залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Ова е Garda, кожна женска чанта од The Chesterfield Brand која претставува елегантна комбинација помеѓу бизнис и кежуал стил. Има идеални димензии кои ја прават одлична за секојдневна употреба, а во внатрешноста ќе најдете повеќе прегради и внатрешни џебови за се што носите со вас да си има свое место. На средината има преграда која се затвора со патент што ја дели чантата на два посебни дела, но истата може и лесно да се извади доколку не ви е потребна што е само уште една од практичните карактеристики кои ги поседува оваа чанта.

Garda однадвор ја дефинираат две цврсти елегантни рачки за лесно и стилско носење во рака, а има и дополнителнен ремен кој е прилагодлив и можете да го наместите на должината која вам ви одговара за поголема удобност. Истиот лесно се вади доколку не ви е потребен или пак не ви одговара на стилот во моментот.

Должина

30cm

Ширина

11cm

Висина

24cm

Боја

Црна

Пол

Женски

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Garda – Црна”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form