Нема на залиха
Ова е женската кожна чанта Valentano: Совршена кобинација на елеганција, стил и луксуз во едно парче!
Оваа чанта ќе ви овозможи комбинации какви што посакувате и секогаш ќе додаде луксуз и стил во вашиот аутфит. Заради средните димензии идеално се вклопува во вашите денски комбинации и дефинитивно ќе сјае во вашиот аутфит за вечерни излегувања. Оваа кожна чанта доаѓа со пократка рачка за преку рамо како и уште една дополнителна подолга и прилагодлива рачка со што секогаш ќе можете да носите чантата онака како што претпочитате во моментот.
Главната преграда на Valentano се затвора со патент и ви нуди изненадувачки доволно простор за сите ваши основни предмети. Тука ќе ги собере вашиот телефон, паричник, пасош, клучеви, футрола за очила, па дури и малку шминка. Дополнително, внатре ќе најдете и дополнителен џеб со патен како и уште една странична преграда за работи кои сакате секогаш да ви се на брз дофат на рака како на пример телефонот.
Оваа чанта е дел од најлуксузната колкеција на The Chesterfield Brand – Novum Series која претставува највиско ниво на квалитет и луксуз кај кожните производи. За оваа колекција се користи само посебно рачно избрана full grain кожа која поминува низ специјален процес на штавење. Потребна е голема експертиза и многу време и внимание при изработката за да се добие овој ексклузивен тип на кожа. На крајот се добива кожа која е многу силна но истовремено и еластична и убава на допир. Финалната фаза опфаќа рачно третирање на кожата со восок што му дава посебна длабока и богата боја на производот. Сите овие процеси и внимание на најситните детали создаваат луксузен финален производ со уникатен изглед и посебно чувство кога го држите во вашата рака.
| Должина | 26cm |
|---|---|
| Ширина | 8cm |
| Висина | 17cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Novum Series Vegetable Tanned |
Оваа чанта е дел од најлуксузната колкеција на The Chesterfield Brand – Novum Series. Таа претставува највиско ниво на квалитет и луксуз кај кожните производи. За оваа колекција се користи само посебно рачно избрана full grain кожа која поминува низ специјален процес на штавење. Потребна е голема експертиза и многу време и внимание при изработката за да се добие овој ексклузивен тип на кожа. На крајот се добива кожа која е многу силна но истовремено и еластична и убава на допир. Финалната фаза опфаќа рачно третирање на кожата со восок што му дава посебна длабока и богата боја на производот. Сите овие процеси и внимание на најситните детали создаваат луксузен финален производ со уникатен изглед и посебно чувство кога го држите во вашата рака.
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.