Нема на залиха
Кожниот женски паричник Sionel е моделот кој го барате кога ви треба стилски минималистички дизајн и елегантен изглед но и доволно простор за сите ваши банкноти, монети и картички.
Sionel е паметно поделен на неколку дела. На предната страна од паричникот има преграда со копче каде може да собере 6 картички, а дополнително има и поширок отвор за вашите пари. Другиот дел од паричникот се затвора со патент и ви нуди доволно простор за вашите монети, белешки и уште 4 картички.
Како и сите останати паричници на The Chesterfield Brand така и овој е опремен со иноватвната RFID технологија за заштита од бесконтактно крадење на пари и податоци од вашите картички. На овој начин, секогаш сте безбедни, без притоа да треба да правите компромис со стилот или удобноста.
Овој паричник е изработен од висококвалитетна кожа од бивол (Buff Crumbled Leather) која има посебна текстура што и дава и посебен ефект на кожата и прави да изгледа како да има 2 различни нијанси. Овој тип на кожа со редовно користење станува само поубава со текот на времето.
| Должина | 11cm |
|---|---|
| Висина | 7.5cm |
| Боја | Црвена |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Antique Buffalo Crumbled Leather |
Женските кожни паричници на The Chesterfield Brand се направени за вистинските шопохолици. Во нив ќе ги собере сите вашите пари, картички и документи. Направени се од 100% високо квалитетна кожа која ви гарантира долгогодишно користење и уживање во вашиот паричник.
Знаеме дека паричниците денеска не се само за чување на парите. Тие се дел од модниот стил на дамите па затоа во The Chesterfield Brand покрај квалитетот и функционалноста, посебно внимание посветуваме на изгледот и стилот на моделите. Сите паричници ги краси модерен и практичен дизајн кој на вашиот стил ќе му дадат дополнителна елеганција во секој момент.
Дополнително, за заштита од бесконтактно крадење на вашите пари, секој паричник е опремен со уникатна RFID технологија која е сместена во тенок слој во самата кожа комплетно неприметна на надворешниот изглед на паричникот.
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.