Пребарај производ Започнете со пишување

Чанта Женска Кожна Liora – Sky Blue

8.390 ден со ДДВ
Шифра: C48.142015

Нема на залиха

Waitlist
Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Liora е стилска и практична кожна чанта од The Chesterfield Brand, создадена за секојдневна употреба и моменти кога сакате да носите само најважните работи – уредно организирани и секогаш при рака. Благодарение на својата компактна форма и безвременски дизајн, оваа чанта лесно се комбинира со различни стилови и за различни пригоди.

Liora доаѓа со два отстранливи ремени. Долгиот и прилагодлив ремен овозможува удобно носење преку рамо или како crossbody, додека краткиот ремен овозможува чантата лесно да ја носите и во рака. На овој начин, лесно можете да го промените начинот на носење зависно од стилот што ви одговара во моментот.

Главната преграда се затвора со патент и е практично организирана за вашите секојдневни потреби. Во внатрешноста ќе најдете простор за основните работи, како и странична отворена преграда – идеална за мобилен телефон, паричник или други предмети што сакате да ви бидат лесно достапни. Дополнително има и внатрешен џеб со патент, совршен за клучеви, слушалки или други помали вредни предмети.

На предната страна на чантата ќе најдете уште една преграда со патент, како и надворешен џеб со копче за помали предмети. На задната страна има и дополнителен џеб со патент за предмети што сакате да ги чувате сигурно и лесно достапни.

Со својот паметно организиран распоред, компактна форма и елегантен изглед, Liora е чанта што совршено ја комбинира практичноста со стилот – сигурен и модерен придружник за секој ден.

Должина

24cm

Ширина

9cm

Висина

14cm

Боја

Sky Blue

Пол

Женски

Тип на кожа

Serene Leather

Овој производ е дел од Serene Series колекцијата на The Chesterfield Brand. Оваа колекцијата е изработена од висококвалитетна Drum Dyed Dry Milled кожа, позната по својата мекост, леснотија и природна еластичност. Благодарение на специјалниот процес на обработка, кожата добива префинета природна текстура со сопствен карактер. Нежните тонови создаваат мирен, елегантен и безвременски изглед.

Со својот префинет финиш и висок квалитет на изработка, Serene Series нуди совршена комбинација помеѓу елеганција, удобност и практичност за секојдневна употреба.

За одржување на кожата, овој производ лесно може да се третира со нашиот Leather Wax Spray – производ кој истовремено чисти и ја одржува кожата. Дополнително, производот доаѓа со заштитна dustbag торбичка, овозможувајќи безбедно и практично складирање кога не се користи.

почетна кожни производи TCB слајдер десктоп

Посесете го нашиот изложбен простор за целосно искуство

Почувствувајте го луксузот во своите раце и видете ги колекциите во живо.

За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.

Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.

Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.

Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје

Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч

TCB Club

Станете член на TCB клубот

Бидете први што ќе ги видат новите колекции и уживајте во попусти и подароци наменети само за членовите.

Зачленете се
  • 5% попуст на првата нарачка
  • 15% роденденски подарок
  • Прв пристап до новите колекции

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Liora – Sky Blue”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form