На залиха
Оваа преубава женска кожна чанта не смее да недостасува во твојот гардеробер. Lucca e чантата која ќе ја подигне вашата елеганција едно ниво погоре, а ќе биде и причина за свртените погледи во ваш правец. Нејзиниот безвременски дизајн и изглед дозволува да ја користите како за секојдневни активности така и за вашите свечени настани. Ќе се вклопи во секој ваш стил без никаква мака. Врвниот квалитет на изработка е ваша гаранција дека Lucca ќе остане вашиот омилен придружник долго време.
Оваа чанта има две рачки кои по потреба можете да ги тргнете, една подолга прилагодлива за преку рамо, како и една пократка рачка. Главната преграда се затвара со преклоп, а токата покрај дополнителен шмек дава и поголема безбедност. Во внатрешната страна главната преграда се затвара со патент и ви нуди доволно простор за сите ваши битни работи. На предната и на задната страна на Lucca ќе најдете и уште две дополнителни прегради кои се затвараат со патент. Тие се совршени за чување на најмалите работи потполно безбедно.
| Должина | 22.5cm |
|---|---|
| Ширина | 7cm |
| Висина | 16cm |
| Боја | Кафена |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.