Пребарај производ Започнете со пишување

Чанта Женска Кожна Miloa – Беж

9.090 ден со ДДВ
Шифра: C48.142106

На залиха

Waitlist
Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Дали некогаш сте имале кожна чанта што совршено ги комбинира стилот и практичноста, а воедно лесно се вклопува во секоја пригода? Запознајте ја Miloa – елегантна и разновидна кожна чанта од The Chesterfield Brand, создадена да се носи на повеќе начини – како чанта во рака, crossbody или класична чанта за преку рамо.

Miloa доаѓа со кратка отстранлива рачка и долг прилагодлив ремен кој исто така може да се отстрани, овозможувајќи лесно да го прилагодите начинот на носење според вашиот стил во моментот. Носете ја преку рамо за вечерно излегување или како crossbody за поголема слобода при движење во текот на денот.

Чантата се отвора со преклоп и магнетно копче, под кое се наоѓа пространа главна преграда што се затвора со патент. Внатрешноста нуди доволно простор за вашите секојдневни и неопходни работи како паричник, козметика, клучеви или помали предмети што сакате секогаш да ги имате со себе.

Во главната преграда се наоѓа практичен отворен џеб за мобилен телефон, како и дополнителен џеб со патент – идеален за слушалки, картички или други вредни предмети.

На предната страна покрај главната преграда се поставени уште два помали џеба со патент, кои овозможуваат подобра организација и брз пристап до работите што најчесто ги користите. На задната страна има и дополнителен џеб со патент за предмети што сакате да ви бидат лесно достапни.

Со својот паметно организиран распоред, елегантна форма и префинет изглед, Miloa е чанта што лесно се прилагодува на различни моменти од денот – практична, модерна и секогаш со стил.

Карактеристики:

  • Кратка отстранлива рачка
  • Долг прилагодлив и отстранлив ремен
  • Може да се носи како crossbody или чанта за преку рамо
  • Преклоп со магнетно копче
  • Главна преграда со патент
  • Внатрешен отворен џеб и џеб со патент
  • Два предни џеба со патент
  • Дополнителен заден џеб со патент
  • Изработена од 100% полнозрнеста кожа

Должина

23cm

Ширина

8cm

Висина

18cm

Боја

Беж

Пол

Женски

Тип на кожа

Serene Leather

Овој производ е дел од Serene Series колекцијата на The Chesterfield Brand. Оваа колекцијата е изработена од висококвалитетна Drum Dyed Dry Milled кожа, позната по својата мекост, леснотија и природна еластичност. Благодарение на специјалниот процес на обработка, кожата добива префинета природна текстура со сопствен карактер. Нежните тонови создаваат мирен, елегантен и безвременски изглед.

Со својот префинет финиш и висок квалитет на изработка, Serene Series нуди совршена комбинација помеѓу елеганција, удобност и практичност за секојдневна употреба.

За одржување на кожата, овој производ лесно може да се третира со нашиот Leather Wax Spray – производ кој истовремено чисти и ја одржува кожата. Дополнително, производот доаѓа со заштитна dustbag торбичка, овозможувајќи безбедно и практично складирање кога не се користи.

почетна кожни производи TCB слајдер десктоп

Посесете го нашиот изложбен простор за целосно искуство

Почувствувајте го луксузот во своите раце и видете ги колекциите во живо.

За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.

Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.

Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.

Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје

Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч

TCB Club

Станете член на TCB клубот

Бидете први што ќе ги видат новите колекции и уживајте во попусти и подароци наменети само за членовите.

Зачленете се
  • 5% попуст на првата нарачка
  • 15% роденденски подарок
  • Прв пристап до новите колекции

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Miloa – Беж”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form