Пребарај производ Започнете со пишување

Куфер Zuna Cabin Business+ – Champagne

11.990 ден со ДДВ
Шифра: C21.600106

На залиха

Waitlist
Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Zuna Cabin+ е елегантен куфер од The Chesterfield Brand кој доаѓа со 5 годишна гаранција. Креиран е за патници кои сакаат да комбинираат травел стил со практичност и сигурност. Со внимателно осмислен дизајн и паметни решенија, овој куфер овозможува да патувате организирано и без компромиси.

Посебна предност на Zuna Cabin+ е предниот џеб со интегрирана преграда за лаптоп кој се отвора со патент. Внатрешноста е практично организирана со две пространи прегради фиксирани со кожен ремен, централен простор за полначи или тетратки, како и дополнителен тенок џеб за документи. На овој начин, лаптопот, таблетот и важните документи секогаш ви се при рака – без потреба да го отворате целиот куфер.

Куферот е изработен од издржлив и првокласен поликарбонат во комбинација со природна кожа, што му дава модерен и луксузен изглед, но и високо ниво на заштита од гребнатини и удари. Четирите 360° тркала овозможуваат тивко и лесно движење, додека телескопската рачка се прилагодува за максимална удобност при користење. Кожните рачки на горниот и страничниот дел овозможуваат лесно подигање, а TSA катанецот обезбедува дополнителна сигурност при патување.

Внатрешноста е организирана со две прегради со патент, кои овозможуваат уредно одделување на облека и додатоци. Еластичниот ремен ја држи облеката стабилно на место, додека преградата со дополнителни џебови со патент е идеална за помали предмети.

 

Карактеристики:
Погоден како рачен багаж
Уникатен преден џеб со интегрирана преграда за лаптоп
Четири 360° тркала за тивко и лесно движење
Прилагодлива телескопска рачка
Сигурен TSA катанец
Две внатрешни прегради со патент и еластичен ремен
Дополнителни внатрешни џебови

Должина

36cm

Ширина

23cm

Висина

55cm

Боја

Champagne

Пол

Унисекс

Zuna Cabin+ е дел од Zuna колекцијата куфери од The Chesterfield Brand – резултат на долгогодишен развој, тестирање и усовршување. Секој детал е внимателно осмислен, со главен фокус на квалитет, издржливост и практичност, за вашиот багаж да биде сигурен на секое патување.

Изработени од комбинација на цврст поликарбонат и природна кожа, куферите од оваа колекција нудат издржливост, модерен изглед и удобност при користење. Тивките тркала, стабилната рачка и сигурниот TSA катанец создаваат совршен баланс помеѓу функционалност и елеганција.

Гаранција и користење:

Куферите од The Chesterfield Brand доаѓаат со 5 години гаранција за производствени дефекти во материјалите и изработката. Доколку се појави проблем поради фабричка грешка, производот ќе биде поправен или заменет.

Гаранцијата не опфаќа нормално абење при користење, гребнатини, оштетувања при транспорт од авиокомпании, истрошени тркала или дамки на кожните детали – тие се дел од патувањата и приказната што ја носи секој куфер.

Со куферите од The Chesterfield Brand, патувањето станува поедноставно и поелегантно. Патувајте со стил, движете се со сигурност и уживајте во секое ваше патување.

почетна кожни производи TCB слајдер десктоп

Посесете го нашиот изложбен простор за целосно искуство

Почувствувајте го луксузот во своите раце и видете ги колекциите во живо.

За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.

Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.

Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.

Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје

Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч

TCB Club

Станете член на TCB клубот

Бидете први што ќе ги видат новите колекции и уживајте во попусти и подароци наменети само за членовите.

Зачленете се
  • 5% попуст на првата нарачка
  • 15% роденденски подарок
  • Прв пристап до новите колекции

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Куфер Zuna Cabin Business+ – Champagne”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form