Нема на залиха
Паричникот Ethel го краси класичен и безвременски изглед, а има многу простор за сите ваши пари, картички и документи. Има 2 главни прегради за книжни пари, 7 прегради за картички, дополнителна проѕирна преграда, џеб со копче и џеб со патент за работи за кои ви треба поголема сигурност.
Овој парчиник е направен од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е карактеристична по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете го паричникот со нашиот специјален восок за одржување и чистење и тој ќе си го врати стариот сјај.
| Должина | 10cm |
|---|---|
| Висина | 12cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Машки |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Машките паричници на The Chesterfield Brand се одликуваат со модерен и елегантен дизајн и изглед. Направен од 100% висококвалитетна кожа која гарантира долгогодишно користење. Имаат доволен број различни прегради за да ги сместите сите ваши пари, картички и документи, а сепак тоа да изгледа елегантно и практично.
Сите паричници користат уникатна RFID технологија за заштита од бесконтатктно крадење пари. Во повеќето паричници таа е како мала метална плочка која носи своја тежина. Но, во нашиот случај е сместена во самата кожа и е комплетно неприметна и без тежина.
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.