На залиха
Идеална машка кожна ташна за рамо за секоја пригода. Без разлика дали се движите низ град, низ парк, одите на краток излет, имате вечерно излегување или некоја друга активност, во оваа елегантна машка ташна сите ваши важни предмети секогаш ќе бидат уредно сместени.
| Должина | 16.5cm |
|---|---|
| Ширина | 5.5cm |
| Висина | 21.5cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Машки |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Birmingham има една пространа главна преграда со патент. Внатре во нејзе има џеб за вашиот смартфон како и уште еден друг џеб со патент. Од предната страна има две дополнителни прегради кои исто така се затвараат со патент. А, доколку и ова не е доволно на задната страна ќе најдете и уште еден дополнителен џеб со патент. Рачката за на рамо е прилагодлива за висината која ви одговара.
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand затоа што му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штавењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата, туку се впиваат во порите. Ова на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.