На залиха
Кожната машка чанта Remy претставува класичен безвременски модел кој ви нуди доволно простор за повеќе работи во текот на денот, без разлика дали се движите низ град или одите на некој краток излет или патување.
Под прекопот на оваа кожна чанта се наоѓаат 2 посебни прегради. Една поголема – пространа главна преграда која се затвора со патент и во внатрешноста има дополнителни џебови за чување предмети кои сакате да ви стојат посебно и да не се помешаат со останатите работи. Пред нејзе се наоѓа уште една преграда која не е затворена со патент и тука можете да ги чувате работите кои сакате секогаш да ви се на брз дофат на рака како што е на пример мобилниот телефон.
Дополнително ќе најдете и уште еден посебен џеб со патент за работи за кои ви треба поголема сигурност како што е пасошот.
За максимална удобност при носење, чантата доаѓа со прилагодлив кожен ремен, кој овозможува удобно носење на висината која ви одговара.
| Должина | 22cm |
|---|---|
| Ширина | 7cm |
| Висина | 25cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Машки |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Овој производ е направен од висококвалитетна 100% Full Grain Cow Wax Pull Up кожа која воедно е најкористениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Карактеристична е по својата исклучителна мекост, природна текстура и длабока богата боја која со текот на времето добива уште поубав карактер и му дава прекрасен ефект на производот како ниеден друг тип на кожа… Но зошто се добива овој ефект?
Она што ја прави оваа кожа посебна е врвното занаетчиство и начинот на обработка.
По штевењето и пресувањето, за разлика од најголемиот број други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти, нашата кожа рачно се бои со природни масла и восоци. На овој начин маслата продираат длабоко во порите на кожата, создавајќи природен изглед и богат колорит. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо класичното прскање со разни заштитни слоеви, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет, боја и природен изглед со години. Заради овој пристап и обработка, Wax Pull Up кожата со текот на годините станува само поубава и добива ункатен карактер и патина кој ја раскажува вашата лична приказна со вашиот нов кожен прозвод.
За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.
Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.
Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.
Look better, Feel better. Perform better.
Honour Your Success!
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.