Пребарај производ Започнете со пишување

Машка Чанта Кожна Valtorio – Кафена

6.390 ден со ДДВ
Машка Чанта Кожна Valtorio – ЦрнаМашка Чанта Кожна Valtorio – КафенаМашка Чанта Кожна Valtorio – Коњак
Шифра: C48.144501

Нема на залиха

Waitlist
Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Урбан стил, елеганција и слобода на движење во една машка кожна чанта. Valtorio e создаден за оние кои сакаат практичност без компромис со стилот. Со својот модерен дизајн, длабока боја на кожата и внимателно организирана внатрешност, оваа чанта е идеален избор за вашите секојдневните активности, без разлика дали сте тргнале на работа или на прошетки низ град.

Valtorio има прилагодлив ремен за рамо, кој овозможува удобно носење на висина која ви одговара.

Главната преграда се затвора со патент и нуди практично организиран простор за вашите секојдневни предмети. Во внатрешноста се наоѓа посебна преграда за мобилен телефон, како и дополнителен џеб со патент, идеален за побезбедно чување на помали вредни предмети што сакате да ги одвоите од останатите работи.

На предната страна на чантата ќе најдете дополнителен џеб со патент, практичен за предмети што често ги користите и сакате да ви бидат лесно достапни, а на задната страна има уште еден засебен џеб со патент.

Едноставна, функционална и со карактер – за оние кои сакаат да патуваат лесно и да изгледаат стилски.

Должина

18cm

Ширина

6cm

Висина

23cm

Боја

Кафена

Пол

Машки

Тип на кожа

Sienna Soft Series

За кожата

Овој производ е дел од Sienna Soft колекцијата на The Chesterfield Brand. Тоа е најквалитетна 100% полнозрнеста кожа која е препознатлива по својата исклучителна мекост на допир и уникатен луксузен изглед.

За да се добие овој тип на кожа, по процесот на штавење, кожата поминува низ специјален процес на обработка, при која ја добива својата карактеристична мекост и флексибилност. Потоа следува рачно третирање со природен восок кое создава топли и богати нијанси на бојата и дава суптилен ефект на длабочина. Како последен чекор е завршното полирање кое и дава нежен сјај и префинет завршен изглед на кожата нагласувајќи ја нејзината природна убавина.

Резултатот е кожен производ кој е неверојатно мек и пријатен на допир и претставува совршен спој на врвен квалитет, луксуз и безвременска елеганција која со текот на времето и користењето добива уште поубав карактер и ваш личен печат.

Одржување

За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.

Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна dustbag торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.

 

Honour Your Success

Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.

Look better, Feel better. Perform better.

Honour Your Success!

почетна кожни производи TCB слајдер десктоп

Посесете го нашиот изложбен простор за целосно искуство

Почувствувајте го луксузот во своите раце и видете ги колекциите во живо.

За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.

Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.

Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.

Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје

Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч

TCB Club

Станете член на TCB клубот

Бидете први што ќе ги видат новите колекции и уживајте во попусти и подароци наменети само за членовите.

Зачленете се
  • 5% попуст на првата нарачка
  • 15% роденденски подарок
  • Прв пристап до новите колекции

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Машка Чанта Кожна Valtorio – Кафена”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form