Пребарај производ Започнете со пишување

Паричник Машки Кожен Enzo – Коњак

2.550 ден со ДДВ
Шифра: C08.036031

Нема на залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Enzo e екстра практичен и елегантен кожен паричник на The Chesterfield Brand. Направен е за оние кои не сакаат големи паричници, а потребни им се повеќе прегради за сите документи, пари и монети. Enzo доаѓа во три бои – коњак, кафена и црна за да одговара на секој ваш стил. Има осум прегради за картички (од кои четири во самата внатрешност), џеб за монети и две прегради за книжни пари. Идеален за во секој џеб.

Овој парчиник е направен од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е карактеристична по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете го паричникот со нашиот специјален восок за одржување и чистење и тој ќе си го врати стариот сјај.

Должина

11cm

Висина

8cm

Боја

Коњак

Пол

Машки

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Машките паричници на The Chesterfield Brand се одликуваат со модерен и елегантен дизајн и изглед. Направен од 100% висококвалитетна кожа која гарантира долгогодишно користење. Имаат доволен број различни прегради за да ги сместите сите ваши пари, картички и документи, а сепак тоа да изгледа елегантно и практично.

Сите паричници користат уникатна RFID технологија за заштита од бесконтатктно крадење пари. Во повеќето паричници таа е како мала метална плочка која носи своја тежина. Но, во нашиот случај е сместена во самата кожа и е комплетно неприметна и без тежина.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Паричник Машки Кожен Enzo – Коњак”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form