На залиха
Stephens е елегантен кожен паричник од луксузната Soft Nappa колекција на The Chesterfield Brand, кој покрај префинетиот изглед однадвор, ќе ви понуди и пактична и внимателно организирана внатрешност. Благодарение на својот безвременски дизајн и врвен квалитет, Stephens е паричник во кој ќе уживате со години.
Кога ќе го отворите паричникот, ќе забележите пространа внатрешност со вкупно 6 прегради за картички распоредени на двете страни, а дополнителните прегради зад нив ќе ви дадат простор и за уште некои помали предмети.
Со дополнително отворање на десниот дел ќе најдете уште една преграда со проѕирна мрежичка, идеална за лична карта или фотографија што сакате секогаш да ја имате со себе, а на десната страна се наоѓа и преграда за монети која се затвора со копче.
Во горниот дел на паричникот има две посебни прегради за банкноти, кои овозможуваат прегледен и брз пристап до парите.
Со својот елегантен изглед и внимателно осмислен распоред, Stephens нуди сè што ви е потребно од еден кожен паричник.
Секако, како и сите The Chesterfield Brand кожни паричници, така и Stephens има вградена RFID технологија за заштита од бесконтактно крадење и читање на податоците од вашите картички.
| Должина | 11cm |
|---|---|
| Висина | 9cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Машки |
| Тип на кожа | Nappa Leather |
За кожата
Овој производ е дел од колекцијата Soft Nappa. Nappa кожата е луксузна, врвна полнозрнеста кожа позната по својата неверојатно мека, мазна и еластична текстура неверојатно пријатна на допир. Овој висококвалитетен материјал е подложен само на минимална обработка, што му овозможува да го задржи својот природен изглед додека со текот на времето развива уникатна патина. Nappa-кожата е препознатлива по нејзината издржливост што ја прави идеален материјал за креација на нашите луксузни кожни паричници.
Благодарение на ситното зрно (структурата на влакната) и исклучителната отпорност на абење, Nappa кожата претставува совршена комбинација на елеганција и функционалност.
Одржување
За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.
Honour Your Success
Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.
Look better, Feel better. Perform better.
Honour Your Success!
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.