Нема на залиха
Кожниот паричник за картички Livenza е идеален за оние кои не сакаат да носат премногу, но сакаат најважните картички секогаш да им се при дофат на рака. Овој мал паричник го собира во секој џеб или торба без притоа да зафаќа простор, што е одлично решение и за секојдневието но и за да го понесете на плажа и лесно да го скриете во торбата додека сте во вода.
Livenza e тенок и стилски паричник за картички кој е изработен од најквалитетна кожа, што ќе ви овозможи долгогодишно користење и уживање. Паричникот има предни и задни прегради со простор за четири картички, што гарантира дека ги имате вашите основни картички на дофат во секое време. Во средината има џеб со патент за дополнителни картички, книжни пари, монети или некакви белешки.
Овој кожен паричник како и сите останати на The Chesterfield Brand има и RFID технологија што значи дека можете да ги носите вашите картички без страв бидејќи тие ќе бидат заштитени од бесконтактно крадење пари или податоци од нив.
Достапен е во коњак, сина или црна боја.
| Должина | 12cm |
|---|---|
| Висина | 8cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Паричниците на The Chesterfield Brand се одликуваат со модерен и елегантен дизајн и изглед. Направени од 100% висококвалитетна кожа која гарантира долгогодишно користење. Имаат доволен број различни прегради за да ги сместите сите ваши пари, картички и документи, а сепак тоа да изгледа елегантно и практично.
Сите паричници користат уникатна RFID технологија за заштита од бесконтактно крадење пари. Во повеќето паричници таа е како мала метална плочка која носи своја тежина. Во нашиот случај е сместена во самата кожа и е комплетно незабележлива и без тежина.
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.