Нема на залиха
Кожната бизнис лаптоп торба Stuttgart е совршена за секојдневна деловна употреба. Благодарение на екстра пространата внатрешна преграда, која се дели на 3 посебни дела, оваа торба има повеќе од доволно простор за сите ваши предмети, документи, додатоци и таблет или лаптоп до 14 инчи.
Главниот оддел е поделен на три прегради во кои има дополнителни внатрешни џебови, прегради и организери дури и за најситните работи кои ви се потребни со вас. Се затвора со преклоп и цврста метална тока која и дава безвременски шмек и елеганција на оваа кожна торба. На врвот, покрај цврстата дршка за рака, има и прилаголдив ременот за рамо за полесно носење. Stuttgart на задната страна има и прерамка за закачување на торбата за куфер што дефинитивно ќе ви го олесни секое ваше патување.
| Должина | 38cm |
|---|---|
| Ширина | 12cm |
| Висина | 27cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Машки |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа торба е направен од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете го производот со нашиот специјален восок за одржување и чистење и тој ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.