Нема на залиха
Durban е елегантна кожна чанта од The Chesterfield Brand создадена за оние кои бараат и стил и практичност во едно.
Со својата компактна форма, елегантен изглед и одлично организирана внатрешност, оваа кожна чанта е погодна за различни прилики и настани или пак едноставно како дополнување на вашиот секојдневен стил.
Главната преграда се затвора со патент и нуди практично организиран простор за вашите секојдневни предмети. Во внатрешноста се наоѓаат повеќе дополнителни прегради, меѓу кои и џеб со патент за побезбедно чување на помали вредни предмети. Дополнително, тука има и посебна преграда за мобилен телефон и картички, за тие секогаш да ви бидат лесно достапни.
На надворешната страна од предниот и од задниот дел, се поставени дополнителни џебови со патент кои нудат уште повеќе простор и подобра организација на работите што најчесто ги користите бидејќи ќе ги направи лесно достапни кога ќе ви затребаат.
Со својот стилски дизајн и практичност, Durban веднаш ќе стане ваш незаменлив придружник за секој ден.
| Должина | 25cm |
|---|---|
| Ширина | 6cm |
| Висина | 19cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штавењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.