Нема на залиха
Секогаш сте во движење, но сакате вашите работи да ви бидат уредно организирани? Westmere е кожна чанта од The Chesterfield Brand создадена токму за таков ритам – практична, прегледна и со чист, безвременски изглед.
Оваа чанта е идеален избор за секојдневна употреба, без разлика дали одите на работа, завршувате обврски низ град или едноставно сте во движење.
Главната преграда се затвора со патент и нуди доволно простор за вашите неопходни работи како паричник, клучеви, мобилен телефон или футрола за очила. Внатрешноста е практично организирана со посебен отворен џеб за мобилен телефон, како и дополнителен џеб со патент за предмети што сакате да ги чувате посигурно.
На предната страна се наоѓа отворен џеб, идеален бележник или други предмети што сакате да ви бидат лесно при рака. На задната страна има џеб со патент, практичен за ситни предмети како клучеви или пари.
Благодарение на прилагодливиот ремен за рамо, чантата можете да ја носите на начин што најмногу ви одговара – преку рамо или како crossbody, или пак доколку сакате покласичен изглед, малата рачка на горниот дел овозможува удобно носење и во рака.
Со својот суптилен дизајн, функционална внатрешност и дискретна елеганција, Westmere е чанта што лесно се вклопува во секојдневниот стил – практична, уредна и сигурна.
| Должина | 23cm |
|---|---|
| Ширина | 6cm |
| Висина | 16cm |
| Боја | Кафена |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.