Нема на залиха
Запознајте ја преубавата Alexandria – кожната женска чанта од The Chesterfield Brand во која ќе се заљубите на прв поглед. Оваа чанта едноставно нема да сакате да ја оставите дома.
Alexandria е дефиницијата за „less is more“ – идеални димензии со минималистички, елегантен дизајн и голема практичност и функционалност во внатрешниот дел.
Со нејзиниот уникатен дизајн и изглед таа ќе ја подигне вашата елеганција едно ниво погоре и ќе ги сврти сите погледи во ваш правец. Безвременскиот и модерен дизајн ќе се вклопи во секој ваш стил без никаква мака и ќе ви дозволи оваа чанта да ја користите како за секој ден, така и за вашите посебни свечени пригоди.
Главната пространа преграда се затвора со патент и е доволно пространа да ги собере сите ваши неопходни работи. Внатре ќе најдете и дополнителен џеб и уште една преграда со патент за вашите најситни предмети. Доаѓа со два отстранливи ремени за рамо, од кој едниот пократок, а другиот подолг и прилагодлив за да го наместите на висината која вам ви одговара.
Alexandria е од оние чанти кои едноставно не смеат да недостасуваат во вашиот гардеробер. Врвниот квалитет и изработка пак ќе бидат вашата гаранција дека ова чанта ќе остане вашиот омилен придружник долго време.
| Должина | 30cm |
|---|---|
| Ширина | 9cm |
| Висина | 19cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Cow Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.