Пребарај производ Започнете со пишување

Чанта Женска Кожна Andrade – Црна

6.950 ден со ДДВ
Шифра: C48.135800

Нема на залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Andrade е компактна и стилска кожна женска чанта, совршена да биде вашиот придужник на специјална вечера, посета на театар или кој било друг елегантен и свечен настан. За што би ја носеле вие?

Оваа кожна чанта доаѓа со две рачки за рамо секоја од нив лесно отстанлива по потреба. Една пократка за носење на рака и една подолга прилагодлива за носење на рамо или преку цело тело.

Главната прегада е практично конструирана и дизајнирана да стои широко отворена кога ќе ја отворите што е мошне корисно посебно кога барате некоја поситна работа низ чанатата. Оваа преграда нуди доволно простор за вашите најважни работи како телефонот, паричникот, шминките и слични други предмети. Дополнително, внатре ќе најдете дополнителен џеб со патент како и уште една странична преграда за работите кои сакате секогаш да ви се на брз дофат на рака. Andrade е интересен и модерен концепт кој лесно ќе му донесе дополнителен шмек на вашиот аутфит.

Должина

23cm

Ширина

8cm

Висина

14cm

Боја

Црна

Пол

Женски

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Andrade – Црна”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form