На залиха
Стилска, безвременска и практична – тоа е Dorin, кожната чанта од The Chesterfield Brand создадена за денови кога сакате да носите најважните работи, без компромис со стилот. Без разлика дали одите на прошетка низ град, на вечера или на кафе со пријателите, Dorin лесно ќе се вклопи во секој изглед и за секоја пригода.
Чантата доаѓа со долг прилагодлив и отстранлив ремен, овозможувајќи удобно носење како crossbody, а доколку преферирате покласичен изглед, тука се и двете кратки рачки со кои Dorin можете да ја носите во рака или преку рамо.
Главната преграда се затвора со уникатна тока и е мудро креирана така да стои широко отворена кога ќе ја отворите, овозможувајќи ви голема прегледности брз и лесен пристап до сите ваши работи. И покрај своите компактни димензии, внатрешноста нуди доволно простор за паричник, футрола за очила, козметика, клучеви, мобилен телефон и други секојдневни предмети.
За подобра организација, во внатрешноста Dorin располага со три посебни прегради за картички, посебна преграда за мобилен телефон и дополнителен џеб со затворање за предмети што сакате да ги чувате побезбедно.
На задната страна се наоѓа дополнителен џеб со патент, идеален за работи што сакате да ви бидат лесно достапни без отворање на главната преграда.
Со својот префинет изглед и паметно организиран распоред, Dorin е чанта што совршено ја комбинира практичноста со елеганцијата – создадена да биде ваш омилен придружник во секојдневните обврски.
| Должина | 29cm |
|---|---|
| Ширина | 12cm |
| Висина | 23cm |
| Боја | Кафена |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Овој производ е направен од висококвалитетна 100% Full Grain Cow Wax Pull Up кожа. Таа е најкористениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Карактеристична е по својата исклучителна мекост, природна текстура и длабока богата боја која со текот на времето добива уште поубав карактер и му дава прекрасен ефект на производот како ниеден друг тип на кожа… Но зошто се добива овој ефект?
Она што ја прави оваа кожа посебна е врвното занаетчиство и начинот на обработка.
По штевењето и пресувањето, за разлика од најголемиот број други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти, нашата кожа рачно се бои со природни масла и восоци. На овој начин маслата продираат длабоко во порите на кожата, создавајќи природен изглед и богат колорит. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо класичното прскање со разни заштитни слоеви, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет, боја и природен изглед со години. Вака, Wax Pull Up кожата со текот на годините станува само поубава и добива ункатен карактер кој ја раскажува вашата лична приказна со вашиот нов кожен прозвод.
За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.
Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна торбичка. Неа ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.
Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.
Look better, Feel better. Perform better.
Honour Your Success!
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.