На залиха
Доста ви е од чанти во кои нема доволно простор или работите постојано ви се неуредно расфрлани внатре? Marvos е кожна чанта од The Chesterfield Brand создадена токму за оние кои бараат практична организација, удобност и елегантен изглед во едно.
Суптилните детали однадвор и дават на оваа чанта елегантен изглед и карактер, додека внимателно осмислениот распоред внатре овозможува максимална практичност во текот на денот. Едноставно идеална за секојдневна употреба, работа или движење низ град – без да прави компромис помеѓу функционалноста и стилот.
Оваа кожна чанта располага со долги рачки што овозможуваат удобно носење преку рамо, дури и кога носите подебела јакна или капут. Marvos се издвојува со својата внимателно организирана внатрешност и дури четири главни прегради, благодарение на кои сите ваши работи ќе бидат уредно распоредени и лесно прегледни.
Задната преграда кај оваа кожна чанта е пространа и без дополнителни внатрешни џебови, што ја прави идеална за поголеми предмети како шише вода, футрола за очила или други секојдневни работи. Следната преграда се затвора со магнетно копче и располага со засилена преграда – практична за таблет, некакви документи или нотес.
Третата главна преграда, исто така со магнетно затворање, е практично организирана со посебна преграда за мобилен телефон и дополнителен џеб со патент – идеален за клучеви, слушалки, картички или козметика.
Предната преграда, како и задниот надворешен џеб, се затвораат со патент и овозможуваат вашите вредни предмети да бидат секогаш заштитени и лесно достапни.
Со својот просторен дизајн, паметна организација и префинет изглед, Marvos е чанта што совршено се вклопува во динамичното секојдневие – функционална, елегантна и создадена да трае.
Карактеристики:
| Должина | 32cm |
|---|---|
| Ширина | 11cm |
| Висина | 25cm |
| Боја | Sky Blue |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Serene Leather |
Овој производ е дел од Serene Series колекцијата на The Chesterfield Brand. Оваа колекцијата е изработена од висококвалитетна Drum Dyed Dry Milled кожа, позната по својата мекост, леснотија и природна еластичност. Благодарение на специјалниот процес на обработка, кожата добива префинета природна текстура со сопствен карактер. Нежните тонови создаваат мирен, елегантен и безвременски изглед.
Со својот префинет финиш и висок квалитет на изработка, Serene Series нуди совршена комбинација помеѓу елеганција, удобност и практичност за секојдневна употреба.
За одржување на кожата, овој производ лесно може да се третира со нашиот Leather Wax Spray – производ кој истовремено чисти и ја одржува кожата. Дополнително, производот доаѓа со заштитна dustbag торбичка, овозможувајќи безбедно и практично складирање кога не се користи.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.