Пребарај производ Започнете со пишување

Чанта Женска Кожна Pergamino – Коњак

11.850 ден со ДДВ
Шифра: C38.022031

На залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Pergamino е кожна shopper чанта од The Chesterfield Brand, создадена за секојдневна употреба и за луѓе кои ја ценат функционалноста, чистиот дизајн и добриот стил. Со својата форма и димензии, оваа чанта лесно се вклопува и во работниот ден и во моментите надвор од него.

Практична и лесна за комбинирање, Pergamino е идеален избор за работа, денска прошетка низ град или пак вечерно излегување. Таа е чанта на која брзо се навикнувате – и која природно станува дел од вашиот секојдневен ритам.

Може да се носи на начин што вам ви одговара најмногу. Со двете кратки рачки изгледа уредно и елегантно кога се носи во рака, а со отстранливиот и прилагодлив ремен за рамо нуди удобност и слобода при движење во текот на целиот ден.

 

Главната преграда се затвора со патент и нуди доволно простор за сè што ви е потребно во текот на денот, дури и за нешто поголеми предмети како шише вода, кутија за ручек, мала торбичкаа со козметика или книга. Внатрешноста е практично организирана со отворен џеб за паричник или држач за картички, како и посебен џеб за мобилен телефон, за работите секогаш да ви бидат на свое место.

За предмети кои сакате да ги чувате дополнително безбедно, како клучеви или слушалки, чантата има внатрешен џеб со патент, а на задната страна се наоѓа уште еден џеб со патент – идеален за работи што сакате брзо да ви бидат при рака.

На дното на чантата има цврсти метални ногарки, кои овозможуваат стабилност и заштита на кожата, без разлика каде ќе ја оставите.

Со својот чист изглед, практична внатрешна организација и внимателна изработка, Pergamino е чанта што се носи со сигурност. Ненаметлива, но присутна – додаток што природно го заокружува вашиот стил, секој ден.

Должина

34cm

Ширина

10cm

Висина

23cm

Боја

Коњак

Пол

Женски

Тип на кожа

Novum Series Vegetable Tanned

Оваа чанта е дел од луксузната колекеција на The Chesterfield Brand – Novum Series. Претставува највиско ниво на квалитет и луксуз кај кожните производи. За оваа колекција се користи само посебно избрана full grain кожа која поминува низ специјален процес на штавење. Потребна е голема експертиза и многу време и внимание при изработката за да се добие овој ексклузивен тип на кожа. На крајот се добива кожа која е многу цврста но исто така и многу еластична и убава на допир. Финалната фаза е рачно третирање на кожата со восок што му дава посебна длабока и богата боја на производот. Сите овие процеси и внимание на најситните детали создаваат луксузен финален производ со уникатен изглед и посебно чувство кога го држите во вашата рака.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Pergamino – Коњак”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form