Нема на залиха
Запознајте ја кожната чанта Piemonte, вашиот нов безвременски придружник за секоја пригода. Оваа кожна чанта комбинира компактен дизајн, модерен стил и издржливост, гарантирајќи дека ќе трае со години. Има прилагодлив ремен за рамо што ќе ви даде врвна удобност и разносврсност при носењето. Едноставно идеална за секоја прилика, без разлика дали тоа е дневна прошетка, спонтано излегување или викенд авантура – Piemonte лесно ќе се вклопи во секој ваш стил.
Главната преграда ќе ви даде доволно простор за сите ваши основни предмети, како телефонот, паричникот, клучевите, футролата за очила и останатите лични работи. Внатре во главната преграда, ќе најдете и дополнителни џебови, вклучително и еден со патент за вашите најважни работи. За дополнителна практичност на задниот дел од чантата ќе најдете и уште еден џеб со патент за работите кои сакате секогаш да ви се на брз дофат на рака.
| Должина | 30cm |
|---|---|
| Ширина | 10cm |
| Висина | 17cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.