Пребарај производ Започнете со пишување

Чанта Женска Кожна Zora – Коњак

9.850 ден со ДДВ
Чанта Женска Кожна Zora – Коњак
Шифра: C48.144431

Нема на залиха

Waitlist
Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Малку елеганција, многу стил и сè што ви е потребно на свое место. Zora е женска кожна чанта од The Chesterfield Brand која привлекува со својот префинет изглед и прекрасна длабока боја, а освојува со практичноста. Со своите компактни димензии и повеќе начини на носење, оваа чанта е идеален избор за жени кои сакаат да изгледаат стилски во секоја пригода, без да се откажат од удобноста и функционалноста.

 

Zora доаѓа со два отстранливи ремени за носење. Краткиот ремен овозможува удобно носење преку рамо, додека долгиот, прилагодлив ремен ви дава можност да ја носите и како crossbody, прилагодувајќи ја должината според вашите потреби и стил.

Главната преграда се затвора со преклоп со магнетно затворање, под кој се наоѓа и дополнителен патент. Ова двојно затворање овозможува поголема сигурност и заштита на вашите лични предмети.

Во внатрешноста, главната преграда е дополнително поделена со средишна преграда со патент, овозможувајќи подобра организација и уредно раздвојување на сите ваши работи. На предната страна се наоѓа и простран отворен џеб, идеален за предмети што сакате секогаш да ви бидат лесно достапни.

На задната страна на чантата пак ќе најдете две дополнителни прегради. Првата е отворена и нуди доволно простор за картички, клучеви, паричник и други ситници, а втората се затвора со патент и е идеална за побезбедно чување на вредни предмети.

И покрај своите компактни димензии, Zora нуди изненадувачки многу простор и одлична прегледност, без да биде непотребно голема.

Со својот елегантен дизајн, практично организирана внатрешност и разновидни можности за носење, Zora е кожна чанта која лесно ќе го надополни вашиот секојдневен стил, внесувајќи доза на префинетост во секоја комбинација.

Должина

27cm

Ширина

8cm

Висина

17cm

Боја

Коњак

Пол

Женски

Тип на кожа

Sienna Soft Series

За кожата

Овој производ е дел од Sienna Soft колекцијата на The Chesterfield Brand. Тоа е најквалитетна 100% полнозрнеста кожа која е препознатлива по својата исклучителна мекост на допир и уникатен луксузен изглед.

За да се добие овој тип на кожа, по процесот на штавење, кожата поминува низ специјален процес на обработка, при која ја добива својата карактеристична мекост и флексибилност. Потоа следува рачно третирање со природен восок кое создава топли и богати нијанси на бојата и дава суптилен ефект на длабочина. Како последен чекор е завршното полирање кое и дава нежен сјај и префинет завршен изглед на кожата нагласувајќи ја нејзината природна убавина.

Резултатот е кожен производ кој е неверојатно мек и пријатен на допир и претставува совршен спој на врвен квалитет, луксуз и безвременска елеганција која со текот на времето и користењето добива уште поубав карактер и ваш личен печат.

Одржување

За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.

Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна dustbag торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.

 

Honour Your Success

Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.

Look better, Feel better. Perform better.

Honour Your Success!

почетна кожни производи TCB слајдер десктоп

Посесете го нашиот изложбен простор за целосно искуство

Почувствувајте го луксузот во своите раце и видете ги колекциите во живо.

За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.

Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.

Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.

Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје

Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч

TCB Club

Станете член на TCB клубот

Бидете први што ќе ги видат новите колекции и уживајте во попусти и подароци наменети само за членовите.

Зачленете се
  • 5% попуст на првата нарачка
  • 15% роденденски подарок
  • Прв пристап до новите колекции

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Zora – Коњак”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form