Нема на залиха
Со кожната бизнис торба Josh можете да бидете сигурни дека облеката при транспорт секогаш ќе ви биде во иделна состојба без да се изгужва. Оваа бизнис патна торба е одличен додаток кој овозможува лесно да ги носите вашите омилени комбинации каде и да одите притоа штитејќи ги од нечистотија, прашина, молци и сл.
Внатре во торбата ќе најдете четири посебни прегради со патент кои се идеални за организирање и чување работи како кошули, долна облека, несесер, па дури и чевли. Зад долниот патент се наоѓа кука за закачување на закачалка, се разбира погодна за одело, панталони, фустан или пак кошули.
Торбата се затвора со патент кој се протега по целата должина што ви овозможува целсно да ја отворите чантата и лесно да пристапите до работите што ви требаат. За дополнителна организација однадвор на предниот и задниот дел на торбата ќе најдете уште 2 дополнителни џебови со патент.
Преклопете ја торбата, затворете го патентот и безгрижно тргнете кон вашата дестинација.
Josh доаѓа со кратки цврсти рачки за лесно носење во рака како и со дополнителен прилагодлив ремен за преку рамо доколку тоа е начинот на кој преферирате да ја носите.
| Должина | 61cm |
|---|---|
| Ширина | 12cm |
| Висина | 45cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа торба е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.