Пребарај производ Започнете со пишување

Ранец Кожен Quincy – Кафен

16.790 ден со ДДВ
Ранец Кожен Quincy – КафенРанец Кожен Quincy – Коњак
Шифра: C58.035201

На залиха

Waitlist
Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Quincy е неверојатно елегантен кожен ранец за лаптоп од The Chesterfield Brand, создаден како да го подигне вашиот стил, така и да одговори на секојдневните потреби на модерното живење. Изработен е од нашата заштитна полнозрнеста Wax Pull-up кожа, која се одликува со природна мекост, цврстина и висока издржливост и ви гарантира долгогодишно користење.

Со своите димензии од 43 × 15 × 32 cm, Quincy ви дава идеален баланс помеѓу просторот и удобноста, овозможувајќи пријатно носење на грб, без непотребна гломазност.

Ранецот располага со пространа главна преграда со внимателно организирана внатрешност. Во неа се наоѓа посебна засилена преграда за лаптоп до 16 инчи, со димензии од 30 × 39 cm, која осигурува дополнителна заштита при носење. Дополнително, тука се и посебната преграда за таблет и практичниот организатор, кои овозможуваат сите работи кои ги носите да бидат уредно организирани и лесно достапни. Во главната преграда се наоѓаат уште два внатрешни џеба со патент, идеални за побезбедно чување на помали предмети.

На задната страна на ранецот се наоѓа скриен џеб со патент против кражба, поставен блиску до грбот, кој овозможува дискретно и побезбедно чување на вредните предмети.

Со својот префинет изглед, паметна организација и висококвалитетна изработка, Quincy е ранец кој без проблем ги комбинира стилот, функционалноста и удобноста – сигурен придружник за секојдневието, работните денови, деловните состаноци или патувањата.

 

Удобноста, како и кај сите производи на The Chesterfield Brand, така и кај овој ранец исто така не е заборавена. Задниот дел на ранецот како и рачките за носење на грб се обложени со мек материјал за поголем комфор при носењето, а на задната страна се наоѓа и лента за закачување на куфер, која значително ќе ви го олесни патувањето и ќе ви помогне да не ја носите целата тежина на грб.

Должина

32cm

Ширина

15cm

Висина

43cm

Боја

Кафена

Пол

Унисекс

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

За кожата

Овој производ е направен од висококвалитетна 100% Full Grain Cow Wax Pull Up кожа која воедно е најкористениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Карактеристична е по својата исклучителна мекост, природна текстура и длабока богата боја која со текот на времето добива уште поубав карактер и му дава прекрасен ефект на производот како ниеден друг тип на кожа… Но зошто се добива овој ефект?

Она што ја прави оваа кожа посебна е врвното занаетчиство и начинот на обработка.

По штевењето и пресувањето, за разлика од најголемиот број други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти, нашата кожа рачно се бои со природни масла и восоци. На овој начин маслата продираат длабоко во порите на кожата, создавајќи природен изглед и богат колорит. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо класичното прскање со разни заштитни слоеви, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет, боја и природен изглед со години. Заради овој пристап и обработка, Wax Pull Up кожата со текот на годините станува само поубава и добива ункатен карактер и патина кој ја раскажува вашата лична приказна со вашиот нов кожен прозвод.

 

Одржување

За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.

Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна dustbag торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.

 

Honour Your Success

Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.

Look better, Feel better. Perform better.

Honour Your Success!

почетна кожни производи TCB слајдер десктоп

Посесете го нашиот изложбен простор за целосно искуство

Почувствувајте го луксузот во своите раце и видете ги колекциите во живо.

За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.

Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.

Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.

Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје

Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч

TCB Club

Станете член на TCB клубот

Бидете први што ќе ги видат новите колекции и уживајте во попусти и подароци наменети само за членовите.

Зачленете се
  • 5% попуст на првата нарачка
  • 15% роденденски подарок
  • Прв пристап до новите колекции

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Ранец Кожен Quincy – Кафен”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form