Ранец Кожен Rich – Кафен

12,990 ден

Rich е кожен ранец од The Chesterfield Brand, изработен од висококвалитетна wax pull-up кожa – познатa по својата мекост, природна структура и висока издржливост. Оваа кожа со текот на времето добива уште поубав изглед благодарение на специјалната восочна обработка, а ранецот го задржува својот квалитет и изглед со години, развивајќи уникатен карактер со користење.

Ранецот Rich го карактеризира уникатен дизајн со голема главна преграда која се отвара широко што ви овозможува одлична прегледност во внатрешноста и лесна достапност на работите кои ги носите. Тука ќе најдете и една засилена преграда за лаптоп до 15.4 инчи како и доволно простор и посебни прегради за сите останати предмети кои ви се потребни во текот на денот.

Од надворешната страна на овој кожен ранец ќе најдете повеќе надворешни џебови што се доста практични и ви овозможуваат лесен пристап до предметите што најчесто ги користите.

Удобноста, како и кај сите производи на The Chesterfield Brand, така и кај овој ранец исто така не е заборавена. Затоа грбот на ранецот како и прерамките за носење на грб се обложени со мек материјал за поголем комфор и пријатно чувство при носење дури и кога ранецот е полн.

Со својот робустен изглед, префинета изработка и функционална внатрешност, Rich е ранец што комбинира издржливост и стил – сигурен придружник за секојдневни обврски, работа или тренинг.

Распродадено

Шифра: C58.015701
Премиум квалитет и услуга

Веруваме во квалитетот на нашите производи и со гордост ви даваме 1-годишна гаранција за производите.

Ги користиме исклучиво најдобрите материјали за да создадеме висококвалитетни кожни производи кои траат цел живот. Ние веруваме во квалитетот на нашите производи и со гордост ви даваме 1-годишна гаранција за производите. Ова ви овозможува да купувате без грижи. Одржливоста е важна за нас и ви гарантираме дека секој производ е одговорно произведен.

Бесплатна испорака и брза замена / поврат

14 дена враќање или замена на производите без никакви прашања и можност за плаќање при прием на производот

Уживајте во политиката за враќање или замена без прашање до 14 дена. Со ова сакаме да се осигураме дека сте целосно задоволни од производот. Сакаме нашите клиенти да се чувствуваат самоуверено и горди со нашите производи и затоа доколку производот кој сте го нарачале не е она што сте го очекувале, можете лесно да го вратите во рок од 14 дена од приемот. Само контактирајте не на нашиот телефон или меил адреса, а ние со задоволство ќе ви излеземе во пресрет .

Дополнителни Информации:

Должина

32cm

Ширина

14cm

Висина

40cm

Боја

Кафена

Пол

Унисекс

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Висококвалитетна кожа од говедо. Се одликува со мазна текстура и длабока богата боја. Ова е најчестиот тип на кожа кој го користиме.
Опис

Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

Прегледи (0)

Критики

Сеуште нема мислења.

Бидете први што ќе остават мислење за “Ранец Кожен Rich – Кафен”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Информации за испорака
Кожни Модни Додатоци

Сите ваши нарачки се испраќаат преку курирска служба т.е. брза пошта. На денот на испораката курирот ќе ве контактира дали сте на локацијата која сте ја навеле за испорака, а доколку не сте таму можете да одложите и за друг ден. Нарачките се испорачуваат помеѓу 8:00 и 17:00 часот и најдобро е да наведете локација на која се наоѓате најчесто во тој период од денот, било тоа да е на работа, дома или на некое друго место.

Време на испорака

  • Нарачките пристигнуваат за 1-4 работни дена (најчесто два дена) од вашата нарачка.

Сакате експресна испорака?

  • Доколку сакате приоритетна испорака во полето за нарачка можете да го наведете тоа и нарачката ќе ја добиете за:

Скопје – 1 до 3 часа (300 ден)

Надвор од Скопје – истиот ден доколку е нарачано до 9:00 часот наутро или наредниот ден доколку е после 9:00 часот (420 ден)

Не ви се чека испорака од брза пошта?
  • Посетете не на нашата локација на ул. Јуриј Гагарин бр 55, 1000 Скопје каде можете да ги подигнете производите на лице место.

НАПОМЕНА – можат да се подигнат само производите кои се веќе нарачани и платени со платежна картичка преку веб страната www.thechesterfieldstore.mk . Оние потрошувачи кои имаат избрано опција плаќање на курир во готово при прием, ќе мораат да ја сочекаат испораката од брзата пошта.

The Chesterfield Brand производите се направени за да го поттикнат вашиот успех. Изгледајте добро, чувствувајте се добро и почитувајте го сопствениот успех. Chesterfield ќе ве следи во чекор.

Имате некакви прашања поврзани со некој наш производ?

ИСПРАТЕТЕ НИ ПОРАКА

Contact Form

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

ул. Јуриј Гагарин бр.55, Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ

Може да Ве интересира и:

ИСПРАТЕТЕ НИ ПОРАКА

Contact Form

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

ул. Јуриј Гагарин бр.55, Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ