Торба За Лаптоп Кожна Frazer – Кафена

13,290 ден

Кожната лаптоп бизнис торба Frazer од The ​​Chesterfield Brand е идеално професионално решение за модерниот деловен маж. Во Frazer, добивате безвременска класика со ексклузивен изглед. Внатре ќе најдете простор за вашите неопходни работи со што во едно го комбинираме стилот со беспрекорната организација. Оваа кожна бизнис чанта е креирана за лесно да се носи со деловните предизвици.

Торбата се состои од две главни прегради на патент. Едната главна преграда вклучува зајакнат предел за лаптоп до 15 инчи. Дополнително, тука ќе остане простор и за вашата документација. Другата главна преграда има патент што се протега до дното на торбата што го прави секој предмет лесно достапен кога се отвора. Тука ќе најдете и различни внатрешни џебови и организери за работи како што се пенкала, картички, вашиот телефон и останати помали предмети. Има и доволно простор да си го понесете и вашиот ручек, шише со вода и сл.

Frazer доаѓа со горни фиксирани рачки, како и прилагодлив и по потреба лесно отстранлив долг ремен за рамо. Ова ви овозможува удобност да ја носите чантата според вашата желба во моментот!

Надворешноста на чантата има два дополнителни џебови со патент еден од предната и еден од задната страна, а дополнително ќе најдете и ремен за прицврстување на торбата за куфер или количка што дефинитигно ќе ви го олесни товарот на секое патување.

Распродадено

Шифра: C40.109401
Премиум квалитет и услуга

Веруваме во квалитетот на нашите производи и со гордост ви даваме 1-годишна гаранција за производите.

Ги користиме исклучиво најдобрите материјали за да создадеме висококвалитетни кожни производи кои траат цел живот. Ние веруваме во квалитетот на нашите производи и со гордост ви даваме 1-годишна гаранција за производите. Ова ви овозможува да купувате без грижи. Одржливоста е важна за нас и ви гарантираме дека секој производ е одговорно произведен.

Бесплатна испорака и брза замена / поврат

14 дена враќање или замена на производите без никакви прашања и можност за плаќање при прием на производот

Уживајте во политиката за враќање или замена без прашање до 14 дена. Со ова сакаме да се осигураме дека сте целосно задоволни од производот. Сакаме нашите клиенти да се чувствуваат самоуверено и горди со нашите производи и затоа доколку производот кој сте го нарачале не е она што сте го очекувале, можете лесно да го вратите во рок од 14 дена од приемот. Само контактирајте не на нашиот телефон или меил адреса, а ние со задоволство ќе ви излеземе во пресрет .

Дополнителни Информации:

Должина

38cm

Ширина

10cm

Висина

29cm

Боја

Кафена

Пол

Унисекс

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Висококвалитетна кожа од говедо. Се одликува со мазна текстура и длабока богата боја. Ова е најчестиот тип на кожа кој го користиме.
Опис

Оваа торба е направен од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Прегледи (0)

Критики

Сеуште нема мислења.

Бидете први што ќе остават мислење за “Торба За Лаптоп Кожна Frazer – Кафена”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Информации за испорака
Кожни Модни Додатоци

Сите ваши нарачки се испраќаат преку курирска служба т.е. брза пошта. На денот на испораката курирот ќе ве контактира дали сте на локацијата која сте ја навеле за испорака, а доколку не сте таму можете да одложите и за друг ден. Нарачките се испорачуваат помеѓу 8:00 и 17:00 часот и најдобро е да наведете локација на која се наоѓате најчесто во тој период од денот, било тоа да е на работа, дома или на некое друго место.

Време на испорака

  • Нарачките пристигнуваат за 1-4 работни дена (најчесто два дена) од вашата нарачка.

Сакате експресна испорака?

  • Доколку сакате приоритетна испорака во полето за нарачка можете да го наведете тоа и нарачката ќе ја добиете за:

Скопје – 1 до 3 часа (300 ден)

Надвор од Скопје – истиот ден доколку е нарачано до 9:00 часот наутро или наредниот ден доколку е после 9:00 часот (420 ден)

Не ви се чека испорака од брза пошта?
  • Посетете не на нашата локација на ул. Јуриј Гагарин бр 55, 1000 Скопје каде можете да ги подигнете производите на лице место.

НАПОМЕНА – можат да се подигнат само производите кои се веќе нарачани и платени со платежна картичка преку веб страната www.thechesterfieldstore.mk . Оние потрошувачи кои имаат избрано опција плаќање на курир во готово при прием, ќе мораат да ја сочекаат испораката од брзата пошта.

The Chesterfield Brand производите се направени за да го поттикнат вашиот успех. Изгледајте добро, чувствувајте се добро и почитувајте го сопствениот успех. Chesterfield ќе ве следи во чекор.

Имате некакви прашања поврзани со некој наш производ?

ИСПРАТЕТЕ НИ ПОРАКА

Contact Form

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

ул. Јуриј Гагарин бр.55, Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ

Може да Ве интересира и:

ИСПРАТЕТЕ НИ ПОРАКА

Contact Form

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

ул. Јуриј Гагарин бр.55, Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ