Нема на залиха
Дали барате премиум кожна лаптоп бизнис торба во која ќе собере буквално се? Ви го претставуваме Ryan! Кожната бизнис торба која дефинитивно ќе ве издвои од просекот.
Во неговите пространи и функционални главни прегради, ќе најдете доволно простор за да соберете се што ви е потребно во текот на денот. Тие се доволно големи за лаптоп од 17 инчи и голем број на документи и предмети кои ви се неопходни за вашите секојдневни обврски. Во внатрешноста ќе најдете повеќе различни прегради меѓу кои посебна преграда за лаптоп, преграда за телефон, организер, уште една преграда која се затвара со патент за дополнителна безбедност. Од предната и задната страна имате уште по една прегада со патент за работите кои сакате секогаш да ви се на дофат на рака.
Лаптоп торбата Ryan доаѓа со екстра долга, отстранлива и прилагодлива рачка за рамо и е достапна во повеќе безвременски бои.
Едноставно совршена чанта за да ги имате сите ваши работи организирани во само една торба!
| Должина | 43cm |
|---|---|
| Ширина | 15cm |
| Висина | 32cm |
| Боја | Кафена |
| Пол | Машки |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа торба е направена од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.