На залиха
Toronto е стилска и модерна кожна торба за појас создадена за денови кога сакате слободно да се движите, а најважните работи секогаш да ви бидат при рака. Без разлика дали патувате, истражувате нов град или уживате на фестивал, Toronto нуди совршен баланс помеѓу практичноста, удобноста и модерниот урбан стил.
Чантата располага со три прегради со патент, овозможувајќи мобилниот телефон, паричникот, клучевите и другите важни предмети да ги организирате уредно и безбедно.
Прилагодливиот ремен овозможува удобно носење околу половината, а благодарение на прилагодливиот ремен Toronto може да се носи и како crossbody торба – идеално решение за оние кои сакаат повеќе слобода и флексибилност во текот на денот.
Со својот компактен дизајн, практична организација и безвременски изглед, Toronto е чанта што ќе сакате да ја носите секој ден – функционална, урбана и со стил.
| Должина | 23cm |
|---|---|
| Ширина | 5.5cm |
| Висина | 12cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Овој производ е направен од висококвалитетна 100% Full Grain Cow Wax Pull Up кожа која воедно е најкористениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Карактеристична е по својата исклучителна мекост, природна текстура и длабока богата боја која со текот на времето добива уште поубав карактер и му дава прекрасен ефект на производот како ниеден друг тип на кожа… Но зошто се добива овој ефект?
Она што ја прави оваа кожа посебна е врвното занаетчиство и начинот на обработка.
По штевењето и пресувањето, за разлика од најголемиот број други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти, нашата кожа рачно се бои со природни масла и восоци. На овој начин маслата продираат длабоко во порите на кожата, создавајќи природен изглед и богат колорит. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо класичното прскање со разни заштитни слоеви, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет, боја и природен изглед со години. Заради овој пристап и обработка, Wax Pull Up кожата со текот на годините станува само поубава и добива ункатен карактер и патина кој ја раскажува вашата лична приказна со вашиот нов кожен прозвод.
За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.
Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.
Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.
Look better, Feel better. Perform better.
Honour Your Success!
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.