На залиха
Запознајте ја преубавата Lovund – модерна, практична и стилска чанта од нашата Fusion серија која претставува комбинација на платно и нашата популарна Wax Pull UP кожа. Lovund е толку сестрана што подеднакво добро ќе се вклопи и во полежерен и во вечерен аутфит, што ја прави идеална за секоја комбинација и ситуација во која вие можете да ја замислите.
Доаѓа со два отстранливи ремени за рамо – еден краток и еден подолг што ви овозможува да ја наместите должината и да го изберете стилот на носење што најмногу ви одговара во моментот.
Главната преграда се затвора со патент и нуди доволно простор за вашите најважни работи. Во нејзе за подобра организација ќе најдете дополнителна посебна преграда со патент, четири џебови за картички и два мали џебови за пенкала.
Однадвор, на задната страна има уште еден џеб со патент каде што можете безбедно да чувате работи кои сакате секогаш да ви се на брз дофат на рака.
| Должина | 21cm |
|---|---|
| Ширина | 10cm |
| Висина | 14cm |
| Боја | Off White |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Nylon Wax Pull Up |
Овој производ е дел од нашата Fusion Series колекција. Производите во оваа колекција се изработени од висококвалитетно 100% рециклирано платно во комбинација со нашата популарна Wax Pull Up кожа. Ткаенината на допир е мека и еластична но е многу отпорна на дожд и абење што ја прави идеална за секојдневна употреба.
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.