Нема на залиха
Rovon е компактна и практична кожна чанта што лесно ќе ја носите со себе во секоја прилика. Совршено се вклопува во секојдневниот ритам – без разлика дали сте во град, на прошетка или вечерно излегување.
Со својата компактна форма и паметно осмислена внатрешност, оваа чанта овозможува уредно и прегледно чување на сите ваши неопходни работи.
Rovon располага со две одделни главни прегради со патент. Во задната преграда се наоѓа посебен отворен џеб за мобилен телефон, како и доволно простор за клучеви, пасош и други важни предмети.
Предната преграда е дополнително организирана со четири слотови за картички, внатрешен џеб со патент и простор за очила за сонце, клучеви или други мали додатоци. Дополнително, на предната и задната страна има уште по еден џеб со патент – идеални за работи што сакате да ви бидат на брз дофат на рака.
Rovon доаѓа со прилагодлив и отстранлив ремен за рамо, што ви овозможува да ја носите како crossbody или преку рамо. Доколку сакате покласичен изглед, малата рачка на горниот дел овозможува удобно носење и во рака.
Со својот чист дизајн, компактна форма и дискретна елеганција, Rovon е чанта што лесно се прилагодува на вашиот стил – практична, уредна и со карактер.
| Должина | 21cm |
|---|---|
| Ширина | 7.5cm |
| Висина | 14cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.