Нема на залиха
Женската кожна чанта Arlette од The Chesterfield Brand е идеална чанта за секојдневна употреба. Покрај тоа што е неверојатно стилски и квалитетно изработена, оваа чанта не само што ќе ги собере вашите основни работи, туку заради функционалната и пространа внатрешност со многу џебови и организери за телефон и паричник ќе имате и простор за вашата омилена книга, шишенце со течност и сите други работи кои ви се неопходни во вашето динамично секојдневие. На предната и задната страна ќе најдете уште по еден дополнителен џеб со патент.
Arlette е и совршено удобна за користење благодарение на прилагливиот ремен. Тој ќе ви дозволи да ја носите оваа кожна чанта на оној начин на кој вас ви одговара во моментот.
| Должина | 32cm |
|---|---|
| Ширина | 10cm |
| Висина | 24cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.