Пребарај производ Започнете со пишување

Чанта Женска Кожна Berlin – Кафена

9.790 ден со ДДВ

На залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Барате кожна квалитетна чанта со многу простор и преграда за лаптоп? Погледнете ја Berlin – стилска и практична чанта направена од 100% полнозрнеста кожа со врвен квалитет и многу прегради и организери за се што ви е потребно.

Оваа модерна кожна чанта има пространа главна преграда со патент. Во внатрешната страна, Berlin има две прегради со патент, зајакната преграда за лаптоп од 15,4 инчи, преграда за телефон и организатор за вашите картички и пенкала. Со капацитет од над 19 литри, оваа чанта ви дава доволно простор да ги понесете сите ваши работи со себе. Преградата за лаптоп, ја прави и идеална за деловна употреба.

Должина

36cm

Ширина

15cm

Висина

36cm

Боја

Кафена

Пол

Женски

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Berlin – Кафена”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form