На залиха
Запознајте ја кожната чанта Ezra – компактна, стилска и елегантна чанта за сите ваши авантури. Без разлика дали станува збор за излегување, долг ден на работа или викенд прошетка, оваа практична чанта со три главни прегради гарантира дека се ќе има свое место.
Централната преграда е доста пространа, а двете странични прегради обезбедуваат дополнителен простор организација на вашите работи. Едната од нив има специјални џебови и организери за вашиот телефон и поситни работи, додека другата во внатрешноста има и дополнителен џеб со патент за вашите најважни работи. Од вашиот паричник, телефон, очила, шминки, клучеви до вашата ужина, буквално ќе најдете простор за се.
Ezra oднадвор ја красат две цврсти рачки за лесно и стилско носење во рака и дополнителнен ремен кој е прилагодлив и можете да го наместите на должината која вам ви одговара за поголема удобност. Истиот лесно се вади доколку во моментот не ви е потребен.
Ezra едноставно го комбинира стилот и елеганција со функционалноста, без разлика каде ќе ве одведат вашите патувања.
| Должина | 25cm |
|---|---|
| Ширина | 12cm |
| Висина | 20cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.