Пребарај производ Започнете со пишување

Чанта Женска Кожна Henderson – Кафена

Original price was: 7.190 ден.Current price is: 5.752 ден. со ДДВ
Шифра: C48.130901

Нема на залиха

Waitlist
Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Барате кожна чанта за рамо која стилски и елегантно ќе се вклопи и во секојдневниот аутфит, а ќе одговара и на посвечени комбинации? Тогаш Henderson е онаа чанта која ја барате. Henderson е доволно пространа да ги собере сите ваши основни работи, а нејзиниот компактен дизајн ја прави лесна и удобна за носење! Кој не би ја посакал?

Henderson има прилагодлив ремен на рамо кој лесно можете да го прилагодите на висината и начинот на кој ви одговара во моментот, дали преку рамо или попречно преку тело – одлуката е на вас. Чантата се состои од пространа главна преграда која се затвора со патент. Во нејзе има доволно простор за вашиот телефон, клучеви, паричник, очила за сонце или книга која сакате да ја понесете со вас на некое патување. Внатре ќе најдете и неколку помали прегради за одвоено чување на помалите работи кои секогаш сакате да ви се на лесен дофат на рака. На задната страна од оваа чанта има и посебен џеб со патент кој е идеален за безбедно чување на вашите најважни работи. На предната страна на чантата ќе најдете дополнителна преграда која се затвора со магнетно копче.

Должина

27cm

Ширина

11cm

Висина

18cm

Боја

Кафена

Пол

Женски

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand затоа што му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата, туку се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

почетна кожни производи TCB слајдер десктоп

Посесете го нашиот изложбен простор за целосно искуство

Почувствувајте го луксузот во своите раце и видете ги колекциите во живо.

За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.

Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.

Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.

Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје

Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч

TCB Club

Станете член на TCB клубот

Бидете први што ќе ги видат новите колекции и уживајте во попусти и подароци наменети само за членовите.

Зачленете се
  • 5% попуст на првата нарачка
  • 15% роденденски подарок
  • Прв пристап до новите колекции

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Henderson – Кафена”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form