Нема на залиха
Барате кожна чанта што нуди малку повеќе простор, без да треба да се откажете од стилот? Lunor од The Chesterfield Brand е идеален избор – поголема верзија на нашиот бестселер Lucca, создадена за оние на кои им е потребно малку повеќе во секојдневието.
Со својот елегантен и чист дизајн, Lunor лесно се вклопува во различни ситуации – од работни обврски, до прошетки низ град или вечерно излегување.
Чантата доаѓа со прилагодлив ремен за рамо, што ви овозможува да ја носите кратко преку рамо или подолго како crossbody, во зависност од вашиот стил и потреби.
Главната преграда е покриена со преклоп и стилска тока, а дополнително се затвора со патент, овозможувајќи вашите работи да бидат сигурни и заштитени. Благодарение на поголемите димензии, има доволно простор за мобилен телефон, помал паричник, бележник и други секојдневни предмети.
Внатрешноста е практично организирана со повеќе џебови, вклучувајќи џеб со патент и отворен џеб за мобилен телефон или помали додатоци. Дополнително, на предната и задната страна се наоѓаат џебови со патент – идеални за предмети што сакате да ви бидат веднаш на рака.
Со својата функционална внатрешност, префинет изглед и дополнителен простор, Lunor е чанта што ќе ви понуди повеќе без да ви го наруши стилот – практична, елегантна и создадена за секојдневно носење.
| Должина | 26cm |
|---|---|
| Ширина | 7cm |
| Висина | 21cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.